Се вели дека очите се огледало на душататие се огледало на емоционалниот дел на мозокот“,  тврдат автори од истражувањата на Медицинскиот факултет во Сан Диего, Универзитетот во Калифорнија.

Комуникацијата лице в лице со која управува окситоцин (одговорен за нашите чувства на приврзаност со другите луѓе)  е клучна за интимната комуникација на сите видови емоции – љубов, страв, доверба, возбуда.

Се смета дека првиот контакт лице в лице ја менува мозочната функција како кај бебето така и кај возрасните. Еден од начините за ослободување на „хормонот за припадностокситоцин, кој се создава во крвотокот како одговор на секојдневните аспекти на нашите социјални интеракции вклучувајќи и допир, топлина, доверба, великодушност…

inca_mandala_by_oksitocin-d9fom6zСекој родител на кога му е најважно да негува близок однос со своето дете треба да биде свесен дека окситоцинот во голема мера учествува во поврзувањето на мајката и детето, како и во поврзувањето на родителите, па дури и во зголемување на ангажманот на татковците околу децата. За жал тоа не се создава преку интернет и не може да се купи од никаде.

Социјализацијата на децата преку стариот добар контакт лице в лице и најобичните разговори, при што окситоцинот ги менува мозочните сигнали кои се вклучени во толкувањето на изразот на лицата, веројатно во менувањето на функциите на амигдалата (дел од мозокот кој има примарна улога во обработката на важните емоции). Окситоцинот ја игра најважната улога во формирањето на социјалното однесување на нашите деца.