Човековата потрага по смисла од Виктор Франкл е една добра книга, книга која има многу делови и силна идеја со моќ да го смени животот на еден човек.
Франкл постојано ги цитира зборовите на Ниче: „Оној што има зошто да живее, може да поднесе речиси сè“.
Виктор Франкл се одржал себеси во живот и ја одржал надежта жива од концентрационите логори присетувајќи се на својата сопруга, како и живеејќи за сонот дека еднаш, по војната, ќе може да подучува на психолошките лекции стекнати преку искуството на Аушвиц.
Животот не е првенствено потрага по задоволство, како што верува Фројд, или потрага по моќ, како што подучува Алфред Адлер, туку потрага по смисла“.
Франкл увидел три моќни извори на значење: во работата (да се прави нешто значајно), во љубовта (да се грижиш за друго лице) и во храброста во текот на тешките времиња.
Viktor-Frankl-TeachingНајистрајниот став на Франкл: силите надвор од ваша контрола можат да ви одземат сè што поседувате освен едно нешто, вашата слобода да изберете како ќе реагирате на таквата ситуација. Вие не можете да ги контролирате случувањата во животот, но секогаш можете да ги контролирате чувствата и постапките кон она што ви се случува.
Го запознавме Човекот онаков каков што е. На крајот, човекот е она суштество што ги има измислено гасните комори во Аушвиц; како и да е, тој е исто така она суштество што гордо влезе во гасните комори, со Божјата молитва на своите усни. (Харолд Кушнер)
Ние што живеевме во концентрационен логор, ги помниме луѓето што одеа низ бараките и ги тешеа другите, давајќи им го последното парче леб. Сè може да му биде одземено на човекот, освен едно нешто: последната од човековите слободи – да го избере своето однесување во некој даден тек на околности, да го избере сопствениот пат.