„ЕДНА НАВИКА МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ САМО СО ДРУГА НАВИКА“

Која обувка прва ја облековте утрово? Марате да размислите? Но, ние истата обувка ја облекуваме прва веќе неколку години – бидејќи едноставно така сме се навикнале. Замислете колку би било страшно секогаш кога ќе треба да се облекувате да морате да застанете и да си го поставете прашањето на себе: „Која требаше да биде прва?“
Обидете се да ја прашате дактилографката каде се наоѓаат буквите М и Р, а да не гледа во тастатурата. Што мислите колку време ќе и треба да размислува? Всушност, додека таа куца таа воопшто не размислува за распоредот на буквите – бидејќи таа има т.н. „навикнати прсти“.
Навиките можат да заштедат многу време и енергија. Тие се создаваат со многубројни повторувања. Освен во случаи со неколку рефлекси, навиките прво се потхрануваат во мозокот, а дури потоа во остатокот на телото.
Целиот мозок функционира на 10-тина вати (W). Какви неверојатни подвизи се постигнуваат со толку малку сила. Со само 10 вати сила, мозокот може да пресметува повеќе математички операции од сите компјутери заедно на светот.
Кој е тој механизам во една мозочна ќелија со кој таа одлучува да го скине или не импулсот? Замислете го ова, само што завршил алгебарскиот проблем, мозочната ќелија ги анализирала сите позитивни и негативни миниволтни импулси пристигнати од другите ќелии и донела одлука да генерира импулс или да остане во мирување. И се тоа е завршено за помалку од илјадити дел од секундата.
Значи, како се создаваат навиките во мозокот? Како мислите, зборовите и делата кои ги повторуваме од почеток, стануваат постојан дел на мозокот?
Др Вилијам Седлер вели дека востанувањето на навиките во буквална смисла претставуваат патување во нашиот нервен систем. Тој не потсетува дека честото повторување на истите мисли, чувства или акции ја зацврстуваат оваа стаза, исто како чекорите во стаза снег.
starac-pusacДр Вилдер Пенфилд открил дека со секоја наредна стимулација на отворен мозок со нисковолтажна струја, одговорот на нервното ткиво станува се побрзо. Како резултат на стимулациите, настануваат физички промени во нервното ткиво.
Логичен е заклучокот, дека, секоја мисла, чувство или акција која се повторува, продуцира физички и хемиски промени во нашите нервни патувања, било на благослов било на проклетство. Размислете само за импликациите на овој факт на нашето ментално и емотивно здравје и на образованието на нашиот карактер.
Тоа што детето го гледа и слуша, остава длабоки траги во нежниот детски ум, кои подоцна никакви животни околности не можат во потполност да ги избришат…Повторувањето на одредени дела создава навики. Тие можат да се модификуваат во сериозни вежби во текот на животот, но ретко кога во потполност ќе се променат.
Навиките создаваат прилично трајни патишта во мозокот. Освен во случаи кога дотичниот пат нема да се користи со години, навиката од мозокот не може да се избрише. Навиките можат да се совладаат со создавање на други навики кои се посилни од оние кои сакаме да ги отстраниме.

Dr Elden Calmers
КАКО ДА СЕ УНАПРЕДИ МОЗОКОТ
Оригинален наслов: Healing the Broken Brain, by Elden Chalmers, Ph.D
Издавач: Metaphysica, Beograd