Повеќе од 80 универзитетски професори од врвни универзитети во светот му се обратија на директорот на Програмата за интернационално вреднување на учениците (PISA), тие објаснуваат зошто ваквиот концепт на оценување му штети на образованието?
„Ние сме загрижени од негативните последици на PISA рангирањето: ова се некои од нашите заклучоци“
- Стандардизираниот тест се користи во многу земји со децении (и покрај сериозната резервираност за неговата важност и сигурност), ПИСА придонесува за сè повеќе тестирања и драматично зголемена употреба на квантитативните мерки во образованието. На пример, во САД, ПИСА се наведува како главна референца и оправдување за неодамнешно воведената програма „Трка до врвот“, која фокусот го става на стандардизирани тестови за учениците, наставниците и образовната администрација. Етикетите се лепат само врз основа на рангирањето, иако многу добро се знае дека тестовите се несовршени.
- Образовната политика која се фокусира на резултатите од ПИСА предизвикува сериозни промени во краткорочни поправки со цел да им помогне на земјата брзо да се искачи на листата. И покрај тоа што истражувањата покажуваат дека за трајни промени во образованата пракса се потребни децении, а не неколку години. На пример, знаеме дека статусот на наставниците и престижот на наставничката професија имаат силно влијание врз квалитетот на наставата, но тој статус силно варира во различните култури и не може лесно да се подигне со краткорочни политики.
- ПИСА постојано мери тесен опсег на мерливи аспекти на образованието. ПИСА го одвлекува вниманието од помалку мерливите и немерливите образовни цели, како физичката култура, моралниот, граѓанскиот и уметнички развој, а со тоа опасно ја стеснува нашата колективна имагинација и врска со она што е образование.
- Како организација на економскиот развој, ОЕЦД природно е пристрасна во полза на економската улога и логика. Но образованието ја нема само целта на вработување, туку подготовка на младите за учество во демократскиот систем на самоуправување, морално дејствување, личен развој, раст и благосостојба.
- Организациите на Обединетите нации (ОН), како што се УНЕСКО и УНИЦЕФ, имаат јасни и легитимни овластувања за подобрување на образованието и животот на децата од целиот свет, ОЕЦД нема таков мандат.
- ОЕЦД прифаќа „јавно-приватно партнерство” и влезе во сојузи со мултинационалните профитни компании, кои бараат финансиска корист. Некои од овие компании обезбедуваат образовни услуги за американските училишта и училишни региони, а во исто време прават планови за развој за-профит на основното образование во Африка, каде што ОЕЦД сега планира да се воведе програмата ПИСА.
- Конечно, и најважно: новиот концепт на ПИСА, со својот континуиран циклус на глобално тестирање, им штети на нашите деца и ги осиромашува нашите училници и ја намалува автономијата за наставниците. На овој начин ПИСА го зголемува нивото на стрес во училиштата, со што ја загрозува благосостојбата на учениците и наставниците.
Наместо тоа имајте в предвид дека:
- Нема добри реформи ако ги игнорирате не-образовните фактори, меѓу кои и социо-економската нееднаквост на нациите. Во многу земји, вклучувајќи ги и САД, нееднаквоста драстично се зголеми во текот на изминатите 15 години, проширување на образовниот јаз меѓу богатите и сиромашните.
- Би требало да се развијат алтернативни форми од рангирања.
- Иако сметаме дека е важно да постојат психометриски и статистички рангирања сепак мора да се земат во предвид и мислењата на: родители, наставници, администратори, лидерите на заедницата, студентите, како и научници од дисциплини како што се антропологијата, социологијата, историјата, филозофијата, лингвистиката, како и уметноста и хуманистичките науки. Што и како да се оценат учениците треба да биде предмет на дискусија, со сите овие групи на локално, национално и меѓународно ниво.