Дени Дидро (1713-1784)

Човек кој се занимавал со книжевност, природни науки и сликарство. Неговите дела „Шетањето на скептиците“ и „Приказна за слепците“, со кои станува славен, во реалноста му направиле да помине 20 години во темница.

дидроНа прашањата за воспитанието Дидро посветил многу внимание. Во неговото дело „Побивање на делото на Хелвециус за човекот“, тој сметал дека со воспитување може да се постигне многу, но не може да се постигне сè, бидејќи она што детето во својата природа го нема, не може да му го даде ниту воспитувањето.

Дидро е уверен дека секое дете има добри потенцијали, но општеството е тоа кое му се спротивставува на креативноста, и затоа тој вели: „Колку луѓе умреле, и уште колку ќе умрат, а не можеа да покажат кои биле.“

Тој не се согласил и со мислењето на Русо дека прогресот на науките и просветителството го намалува моралот, и ја истакнува пресудната улога и влијание на прогресот на моралот на човекот. „Незнаењето е судбина на робовите и дивјаците, просветителството обезбедува достоинство.“