– Големите учители никогаш не забораваат дека работат со луѓе а не со наставни програми. Луѓето го прават квалитетот.
– Големите учители воспоставуваат јасни очекувања на почетокот на годината и тие ги следат постојано во текот на годината.
– Кога ученикот има погрешно однесување, големите учители имаат една цел: да не се повтори тоа погрешно однесување.
– Големите учители имаат високи очекувања од учениците, но уште повисоки очекувања од себе.
– Големите учители знаат кој е променливата (варијаблата) во училницата: Тие се! Добрите учители постојано се стремат да бидат уште подобри, тие можат да ги контролираат-сопствените перформанси.
– Големите учители создаваат позитивна атмосфера во своите училници и училишта. Тие го третираат секој човек со почит. Особено, тие знаат да дадат пофалба.
– Големите учители ги отфрлаат негативните мислења и ставови и не ги споделуваат и коментираат.
– Големите учители работат напорно за да ги задржат своите врски во добра состојба, да не бидат лично повредени…
– Големите учители ја имаат способноста да игнорираат тривијални ситуации и имаат способност да одговорат на несоодветното однесување без ескалација на ситуацијата.
– Големите учители имаат план и цел за сè што прават. Ако работите не тргнат како што очекуваат тие имаат план Б.
– Пред да донесат каква било одлука или да направат некакви промени, големите учители си поставуваат едно прашање: Што ќе помислат луѓето и авторитетите за оваа моја одлука?
– Големите учители имаат променливи стандардизирани тестови; тие се фокусираат на вистинските прашања и задачи на учениците.
– Големите учители се грижат за своите ученици. Тие знаат и разбираат дека однесувањето и верувањето се поврзани со емоциите на учениците.
Големите учители не зборуваат колку им е мала платата.