Постои една теза во педагогијата дека компетенциите за 21 век се намалуваат со должината на траење на образованието. Колку подолго трае школувањето помали се компетенциите за 21 век . Тоа покажува дека образованието повеќе ги гуши отколку што ги развива компетенциите за слободен живот. Дали оваа силна теза во суштина ја соочува педагогијата со нејзините предизвици во 21 век? Дали тоа подразбира сериозна реконструкција на образовниот систем, конципиран на педагошкиот дидактицизам? Дали констатацијата на експертите  дека 20 век не беше „ниту век на детето ниту век на педагогијата“ (Поткоњак), сериозно го поставува клучното прашање на педагогијата за нејзино редефинирање во општеството?

socialism_vs_capitalismashxВо теоријата, сите закони и принципи во образованието зборуваат за развивање и постигнување на длабоки хуманистички вредности, човечки вредности, солидарност, еднаквост, слобода, мир, среќа. Меѓутоа, факт е дека основната структура на образовниот систем го охрабрува спротивното: натпреварување, индивидуализам, дискриминација, условување, емоционално насилство, материјализам (биди послушен, не чувствувај, натпреварувај се, сомневај се, троши….). Натпреварувачкиот дух е првиот чекор кон војна.

Знаењето е изместено од своето средиште. Тоа е изместено затоа што нашата перцепција е изместена (пореметена). Знаењето носи одговорност. Целта на образованието не е усовршување на една тема, туку на личноста. Денес парадигмите се менуваат многу брзо. Знаењето се менува со бесна брзина.

Денешните концепти на образование не гарантираат пристојност, разумност и мудрост. Колку повеќе луѓето се образуваат на ист начин проблемите се повеќе се усложнуваат. „Комунизмот пропадна бидејќи произведе премалку по превисока цена. Но, пропаѓа и капитализмот, бидејќи произведува премногу, споделува премалку по превисока цена“. Ја уништува моралноста.

Вредноста на образованието треба да се мери преку стандардите за пристојност и човечкиот опстанок. Потребни се луѓе афирмирани, миротворци, иноватори, луѓе кои живеат во хармонија со местото на живеење, човечни и морални.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: