Таков учител, таква личност,  се раѓа еднаш во столетието, но едновремено и се гради во домот на своите родители и во средината во која живее и се развива.

Неговиот ум беше преполн со толку мисли и желби, што веруваше дека може да го прероди светот и во него да блеснат слободата и правдината.

ГоцеНеговата визија е сосредоточена во народот и обратно, народот е во неа.

„Да се осознае, да се просвети и издигне народот на едно одредено културно ниво, значи да се изврши „МОРАЛНА РЕВОЛУЦИЈА”, која е така потребна за еден решителен пресврт на односите во македонската стварност.

МОРАЛНАТА РЕВОЛУЦИЈА” за Делчев е РЕВОЛУЦИЈА НА УМОТ, СРЦЕТО И ДУШАТА НА ЕДЕН НАРОД”.

Ете, зошто така самопрегорно тој го прегрна учителскиот позив и културно-просветната мисија, бидејќи за вистински родољуб, патриот и револуционер, друг пат нема.

Токму во тоа е суштината на неговата мисла:

“ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ ЕДИНСТВЕНО КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ”.