Филозофите го нарекле човекот „свет во мало“ (микрокосмос), бидејќи во себе го содржи сето она што постои во светот. Личноста не е дел на универзумот, туку универзумот е дел од личноста, нејзин квалитет (Берѓаев). Најголемите меѓу луѓето секогаш го слушаат само внатрешниот глас. Генијалноста е целокупната човекова природа. Личноста е поврзана со карактерот. Силна личност значи изразит карактер. Карактерот е победа на духовниот принцип на човекот. Карактерот е владеење со самиот себеси, победа над робувањето на самиот себеси, и што ја прави можна и победата над ропството од околниот свет. Темпераментот е даден од природата, карактерот е освојување и постигнување.

Питагора зборувал дека природно е човекот да знае сè. Тој дури велел дека ако седумгодишно дете го прашаме за целокупната филозофија, тоа може да ни одговори на сите прашања точно. Светлината на разумот е доволна форма и норма за сите работи.

michelangelo_-_creation_of_adam-29p8ptcЧовекот има вродена желба за знаење, трпеливост и нагон за работа. Тие се појавуваат во првите години од животот и не следат цел живот. Кој не чувствува потреба нешто да види, слушне и разбере нешто ново? На кого не му е интересно да патува некаде, да разговара со некого, нешто да слушне и да прераскаже? Оттука, очите, ушите, допирот и духот, бараат за себе храна, секогаш излегуваат од себе (Тезата на Фоербах –„Она сме со што се храниме“).

Примерот на луѓето кои сами учеле најјасно ни покажува дека човекот воден од природата, може да допре до сè. Многу примери има на луѓе кои на самите себе си биле учители или на кои учител им била природата и разбрале многу повеќе од многу ученици кои имале учители.

Сенека: „Во нас е всадено семето на сите знаења, а учителот ги развива способностите од она што во семето е сокриено“.

Аристотел ја споредува човековата душа со празна табла на која не е напишано ништо, ама на која може да се напише сè. Оној кој ќе умее, ќе може да напише што и да посака, а сликарот, ако ја познава уметноста и тој ќе наслика што и да посака…а во човековиот дух можат лесно да пишуваат оние кои ја знаат вештината на поучувањето. А, ако не биде така, тогаш не е крива таблата туку оние кои пишуваат и цртаат по неа. Но, разликата е во тоа што на таблата можат да се цртаат линии само до краевите, а во духот нема краеви за впишување и цртање, бидејќи духот е бескраен.

Според Конфучије мудроста може да се учи на три начини: Првиот начин е со размислување, и тоа е најблагородниот начин на стекнување на мудроста; Вториот начин е со имитирање, тој е најлесниот начин; и третиот, од искуството, тоа е најгорчливиот  начин.

Соломон се чудел што сите реки се влеваат во океанот, па сепак не го преполнуваат. И кој е тој што не се воодушевува на бесконечноста на нашето помнење кое прима и повторно враќа сè и никогаш не се преполнува?

Дипломата, сертификатите, пофалниците, наградите се само делови, фрагменти, некакви мали, скромни индикатори за вистинското знаење. Оние кои се ограничуваат и застануваат само на тие успеси и на тие хоризонти, никогаш и не знаат што навистина значи мудроста.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: