Имајќи ги предвид принципите на Делор за образование во 21 век – да научиме да учиме, да учиме да живееме и да учиме да живееме заедно – со поголема леснотија ќе ги реализираме заедничките планови и ќе се стремиме кон одржлив развој. Одржливиот развој значи ветување за подобрување на животот на сите луѓе врз основа на поинаков систем на вредности, кој ќе го потенцира духовното богатство и реципроцитет, како и поголема одговорност на човештвото кон природата. Би требало да размислуваме глобално и да почнеме да ја шириме холистичката образовна филозофија за 21 век, која нагласува дека планетата Земја е единствена, дека треба да биде заштитена од невнимателно уништување и дека омразата, фундаментализмот и фанатизмот се чувства што треба да ги надминеме ( Делор, 1996).
Јурка Лепичник Водопивец
Проф. д-р Јурка Лепичник Водопивец е редовен професор по педагогија, научен соработник, носител и предметен изведувач на додипломските и постдипломските студии на Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет во Копер. Исто така, таа редовно предава и на додипломските и постдипломските студии на Педагошкиот факултет и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Марибор и е визитинг професор на Универзитетот „Јурај Добрила“ во Пула. Повремено предава на следните институти: Elite Univesity of Budapest (Hungary), Univerzita Palackeho v Oloumouci, Pedagogicka fakulta (Czech Republic) и на Факултетот за учители во Риека, Хрватска. Нејзината истражувачка работа е концентрирана на студиите за професионален развој и компетенциитe на воспитувачите и наставниците, еколошката едукација и образованието за одржлива иднина, едукација за медиуми, педагошка комуникација, скриен курикулум и субјективни теории. Како истражувач е вклучена во програмската група „Истражување на наставата и учењето во современото општество“. Таа e автор на повеќе од сто научни и стручни трудови, објавени во Словенија и во странство. До сега има објавени шест монографии (три научни и три стручни). Како член на регионалната стручна група за предучилишно воспитание, коавторка е на „Белата книга“ за воспитание и образование во Република Словенија, која излезе во 2011 година.
Д-р Лепичник Водопивец е член на советот за квалитет и евалуација на Министерството за образование, наука, култура и спорт на Р. Словенија.