Во една интересна белешка на Френсис Бејкон од 1605 година, може да се прочита: „Во летото господово 1432 година на едно место се развила жестока дебата за тоа колку заби има коњот. Цели 13 дена „беснеела“ остра расправа без прекин. Сите стари книги, хроники, знаења и познавања биле искористени и при тоа можело да се забележи една прекрасна длабокоумна  ерудиција како никогаш порано на тоа подрачје. Но, на почетокот на четиринаесеттиот ден еден млад човек од почитувано потекло ги замолил своите учени старешини и тој ако може да каже некој збор – и на големо изненадување на дискутантите во дебатата, чија длабока мудрост била многу вознемирена – момчето ги замолило дискутантите да го решат проблемот на еден вулгарен и нечуен начин: имено, предлогот, бил – да ја отворат устата на еден коњ, да ги избројат неговите заби и така да го најдат решението на проблемот. На тоа останатите дискутанти се почувствувале длабоко навредени, понижени, загрижени за своето достоинство, и со целосна согласност и со висок тон, го исфрлиле момчето надвор.

pretty-white-horse-wallpaperДебатата продолжила уште неколку денови со тешки навреди и караници. Сепак на крај од расправата слетал гулабот на мирот, и сите како еден го донеле следниот заклучок: го прогласиле проблемот дека ќе мора да остане вечна тајна заради недостаток на историски и теолошки податоци, и издадена е наредба, сето ова добро да се забележи и запише.“

Бејкон и Коменски, подоцна и Русо и Песталоци, остро се спротивставуваат на доминантната општествена пракса која се заснова на строго авторитарната и хиерархиска организација на општеството која смета дека вистината е „една единствена“ и како таква, вечна, наспрема способноста на човекот со силата на својот ум да се обиде да го сфати светот и себе.

Усните на мудрите се затворени и не говорат на оние кои одбиваат да слушнат и на оние на кои им е удобно да бидат во незнаење.