Францускиот историчар Алексис де Токвил во своето дело „За демократијата во САД“ зачудено ги набљудувал Американците под бремето на широкиот избор кој го имале: „Во САД ги видов најслободните и најобразовани луѓе; сепак ми се чини дека над нив секогаш има некој тежок црн облак, и би рекол, дека секогаш се загрижени, тажни, дури и во своите најголеми задоволства.“
Животот станува сè по сложен. Постои една димензија која го загорчува сечиј живот: тоа е тиранијата на големите можности кои денес ни стојат на располагање во скоро секое подрачје од животот. Постојано сме поттикнувани и охрабрувани да поверуваме дека широкиот и големиот избор е добар пат до демократија: многуте опции ни даваат чувство на самостојност и ни помага да го обликуваме нашиот живот. Многу луѓе сфатија дека човек може да се удави во морето од толку понуди. Но, кога подлабоко ќе размислиме, сфаќаме дека она што е помалку дава повеќе.
Дали големиот избор задолжително секогаш води кон нешто што е добро?
Научници од Универзитетите Колумбија и Стенфорд дигаат раце на ова прашање и се прашуваат: „Од каде толку незадоволство кога се наоѓаме пред толку голем избор на можности?“ И, потоа го даваат клучното објаснување: „Постоењето на повеќе избор типично го зголемува чувството на контрола…“
Колку и да е привлечен и симпатичен, колку и да звучи демократски, зборот избор е меч кој сече од двете страни, и во моментот децата ги чувствуваат двете страни. Синдромот „Шведска маса“ е добар пример, често се констатира дека колку е поголема понудата со храна, луѓето многу повеќе јадат: различноста доведува до поголема потрошувачка и варијации на понуди, доведува до поголеми очекувања и конзумација.
Развојната психологија почнува сè повеќе да го свртува вниманието. Психолозите тврдат дека за децата е многу подобро да се ограничи изборот и бројот на играчки и игри на што е можно помал број, бидејќи големиот избор го загрозува развојот на децата. Големиот број играчки, големиот избор, може да го направи детето повеќе срамежливо и повеќе несигурно, детето да си игра во кратки интервали со различни играчки, да не умее да се држи до една или две играчки, ниту ќе умее да ужива играјќи си, и во вкупно време на играта поминува многу по малку време од децата кои имаат помалку играчки. Самата количина на избор ги преплавува децата и претерано ги стимулира, тоа влијае тие потешко да се концентрираат на една игра или играчка и со тоа нешто да научат.
Парите и премолчената дозвола во денешно време во значителна мерка им дава моќ на децата, со што стекнуваат широк избор и слобода која е непозната за претходните генерации, така што денес децата можат да избираат и да одлучуваат за многу нешта што порано не било така. Но, токму оваа промена им ја зема силата. „Демократичното“ родителство во комбинација со детските потрошувачки ставови им донесе на децата чувство на права врз предметите, а кога нема да добијат нешто што сметаат дека имаат право на тоа, ви го загорчуваат животот и на вас и на сите околу Вас.
Големиот избор денес човекот го уназадува. Децата треба да ги учиме како самите да се стимулираат, да имаат фантазија и креативност. Така се поттикнува формата на емоционално и интелектуално задоволување на своите потреби. Тоа е вештина која ќе им донесе поголема предност во секој сегмент од нивниот живот.
Детето свесно сака во сè да има поголем избор, но тоа не значи дека потсвесно не посакува и нема потреба од спротивното. Ова е класичен пример зошто родителите се нарекуваат родители, затоа што децата се деца и зашто на родителите им е дадено да донесуваат одлуки за најдоброто за детето, а не да одговараат на нивните површни барања и желби. Слабата точка на овој принцип е во современите преморени родители, презафатени, кои често имаат потсвесно чувство на вина.
Денешниот начин на живот, индустријализацијата, прават да имаме сè помал контакт со природата. Во едно истражување во САД работено 16 години се покажало дека во последните 20 години одењето во природа се намалило за 25%, а слично е и во Шпанија и Јапонија. Во едно друго истражување во 2007 г., која опфатило илјада ученици од цела Англија, се наведува дека само 17% од децата биле само еднаш или два пати во природа… Ова се дел од студии кои укажуваат на „фундаментален премин од љубов кон природата – биофилија – на видеофилија, нова тенденција на човештвото кое се определува за стационарни активности преку електронските медиуми“.
Клучниот проблем денес во поглед на воспитувањето на децата и младите не е недостаток на послушност од страна на децата, туку пред сè голема тешкотија да се придобие нивното внимание. Нивните сетила се до таа мерка заситени што родителите и учителите добиваат премалку внимание од децата. Како ќе воспитуваме ако не се трудиме во нас да гледаат и слушаат? Како ние како родители, учители, баби и дедовци можеме успешно да ги воспитуваме без нивното внимание?
Поминување доминантно време на електронските медиуми поттикнува и храни непочитување, чувства за права на предмети, права за моментално задоволување и наградување и нетрпеливост.
Современиот начин на избор кој се промовира на децата го стимулира нивниот симпатичен нервен систем кој создава стрес, природата го активира спротивното, парасимпатичниот нервен систем, кој ги смирува и опушта; со други зборови, им помага да се социјализираат.
Човечкиот род има природна потреба да гравитира кон зеленилото.
Пошироко гледано, децата не само што не треба да имаат помалку избор, туку во некои сфери не бе требало да имаат никаков избор. Но, најважно од сè е најпрвин да се убедиме самите себе си дека имаме право да го ограничиме или укинеме изборот, длабоко да вдишиме и едноставно да кажеме: „Не може“, и навистина така и да мислиме и правиме.