За тинејџерите денес, изгледа природно и интересно да имаат француско-германски учебник по историја“, вели Муниер. „Но мојата баба е ужасната од тоа.“

Зошто Французите и Германците се првите кои иницирале проект за учебник по историја? Внимавајте добро на терминологијата, станува збор за француско-германски учебник по историја, а не – учебник за француско-германската историја.

Зошто токму тие, а не Французите и Италијанците, Белгијанците и Холанѓаните, Шпанците и Португалците, Германците и Австријците?

Има повеќе добри причини и одговорот не се наоѓа само во договорот за помирување, туку и во силата на богатството на сите нивоа во двете земји кое се случува со децении, но и уште во еден многу важен елемент, а тоа е во изградената доверба на најголемиот број граѓани од двете земји дека соседната земја е сојузник и земјата на која најмногу и веруваат.

57583027Идејата за заеднички учебник започнува уште од првата половина на 20 век, иницијатори се професор од Универзитетот во Бон (Fritz Kern) и францускиот публицист (Jean de Pange), проектот се викал: „Учебник за француско-германските односи“. Проектот е прекинат заради војната. Но, во 1951 г., повторно се отвора ова прашање и трае се до денес.

Повеќе од 70 години работа на институции од двете земји, наставници од средно образование и универзитетски професори работат на заеднички проекти, со напредни методи, педагошко искуство и создавање на кругови на француско-германски историчари. Таа култура на соработка имала цел давање простор на секоја земја да ја запознае историјата на соседната земја, како и системот на образование на историчарите.

Учебникот е објавен во 2006 година. За прв пат во светот гимназијалци на две различни држави како и нивните професори по историја – ќе имаат на располагање, ДОКОЛКУ САКААТ, два учебника по историја со идентични содржини.

Учебникот го подготвиле два тима на средношколски наставници по историја од двете земји.

Двете земји дефинирале неколку цели и одлучиле:

  1. да подготват заеднички учебник со потполно идентични содржини во две верзии, значи, француско-германски учебник по историја, а не учебник за француско-германската историја;
  2. дека ќе се однесува за 1, 2 и 4 година гимназија за Франција и еквиваленција на напредните гимназии во Германија;
  3. дека треба да се стави акцент на европската историја;
  4. дека секое поглавје ќе има иста уредувачка и визуелна структура;
  5. дека ќе се ограничи просторот за авторските текстови;
  6. дека предност ќе се даде на изворите и документите кои овозможуваат самостојна работа на учениците;

Спротивно на очекувањата, најголемите проблеми не биле поврзани со прашања на интерпретацијата, туку со ставовите за улогата на САД во развојот на Европа и светот после 1945 г., од една страна, и од друга страна  искуствата и ставовите за социјализмот.

Француската страна  застапувала ставови за диференцираната улога на САД, земајќи ги предвид нивните интереси како интереси на големите сили, а германската страна инсистирала и барала да се стави акцент на благородната улога на САД во одбраната на слободата на Европа и светот, како и придонесот за Германија. Исто така, германската страна инсистирала да се нагласи социјалистичкиот блок како диктаторски и репресивен, додека француската страна нужно сметала и потсетувала дека комунистичката утопија во еден период била прифатена како алтернатива на капиталистичкиот и либералниот модел, и дека социјалистичките општества имале релативна автономија.

Во Франција, историјата и географијата се структурално поврзани, во Германија историјата е поврзана со филозофијата и германистиката. Оттука, германската страна вниманието го става на поимите, термонологијата, концептот и теоријата.

Во Франција, педагошката пракса става силен акцент на наставникот и пренесување на знаењето на ученикот, во Германија, на индивидуалната работа или работата во групи и дискусијата.

Двете земји имаат и различен концепт на пишување на историјата. Во Германија историјата се наоѓа на високо научно ниво, се претставува како модел на универзитетска историја и има етичко-политички амбиции за внатрешна примена во државата (главната цел е соочување со нацизмот и тоталитаризмот, како и образование за либерална и парламентарна демократија). Додека пак концептот на пишување на историјата во Франција е поблиску до книжевноста и нарацијата, поголема важност се дава на сликата, татковината, на граѓанското воспитание во универзален контекст.

Оттука, двете работни групи создале концепт на учебник кој е збогатен со документи од двете држави, од двата архива, од двата фонда…на секое поглавје е вметната по една страница која истовремено им овозможува на учениците да ја видат “француската и германската верзија на вистината“ и дополнителни информации (библиографија, филмови, романи, музеи, интернет страници и тн.).

Сите се сложуваат дека колку и да е педагошки толку е и политички овој француско-германски историски проект. Проектот има длабока европска и транснационална димензија; спојува различни историски и педагошки наследства, сака да придонесе за визија на минатото која ќе премостува национални култури, но признавајќи ги нивните специфичности.

Според информациите и бројот на учебници кои се користат, овој проект не сведочи за воодушевеност на наставниците по историја. Искуствата од двете земји покажуваат дека установите, кои го фаворизираат и користат учебникот како стандарден учебник се француско-германски гимназии и гимназии кои имаат европски паралелки, како и француски и германски гимназии во странство.

Сепак, тие установи се многу малку. Образовните установи кои немаат француско-германско или европско одделение, како и најголемиот број наставници по историја, искажуваат голема претпазливост и внимателност кон  користење на овие учебници.

Употребата на овој учебник е индивидуален избор на наставникот, и тоа како индиректен извор, а не главен учебник. Тој служи за збогатување на информации и документи во наставата, дополнување на „стандардните“ учебници, НО НЕ ДА ГИ ЗАМЕНАТ, НИТУ ДА БИДАТ НИВНА КОНКУРЕНЦИЈА. Во суштина, тие помагаат при учењето на јазикот на соседната земја.

Ова не е пример или модел кој треба да следи, тоа не е универзален лек.

 

The book has educational significance, but its psychological effect is at least as important, reported the German Department for Foreign Affairs: Young German and French students will learn about their own history as well as their common European history from the very same book.

http://www.dw.com/en/joint-german-french-history-book-a-history-maker-itself/a-2078903

(Книгата има образовно значење, нејзиниот психолошки ефект не е толку важен, објави германското Министерство за надворешни работи: младите германски и француски студенти ќе учат за својата историја, како и нивната заедничка европска историја од истата книга).

How to present the information was not the only difficulty the book team faced — the information itself was also subject to contention. The authors didn’t try to hide the differences, said Geiss, but explained them instead.

“For teenagers today, it seems natural and interesting to have a Franco-German history textbook,” Munier said. “But my grandmother is still horrified by it.”

„За тинејџерите денес, изгледа природно и интересно да имаат француско-германски учебник по историја“, вели Муниер. „Но мојата баба е уште ужасната од тоа.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: