Сите ние сме во калта на животот само што некои гледаат во ѕвездите“ (Оскар Вајлд)

oskar_vajld_pinkjeca_cool_v„Запознав културен човек но беше тетовиран. Запознав примитивен човек во одело. Запознав религиозни ама расипани. Сретнав атеисти кои не се расипани. Видов многу сила во мали луѓе. А, многу слабости во големи луѓе. Многу мудрости во обичните. А многу глупости во угледните. Видов сиромаси како даваат, а богаташи како земаат,  и сфатив, дека на животот не треба да гледаш онака како што те учат“.

Во 60-те години од минатиот век се работело на сериозни експерименти и се дошло до заклучок дека медиумите не го отсликуваат животот, туку дека животот го отсликува она што е на медиумите.

„Колку убиства сте виделе во животот?“ Најголемиот број ниту едно убиство.

„А, колку пати дневно можете да видете сцени на убиства на ТВ?“ Најмалку сто дневно.

Тогаш, дали тоа го отсликува животот?

Не.

Животот се создава со помош на слики и форми на мислите. Оној кој ги формира формите на мислите тој управува со животите на луѓето.

Starac-na-klupi-600x400