НЕМЕЗА, ДИНОСАУРУСИТЕ И МАКЕДОНИЈА

Проблемот на најголемиот број луѓе не е толку во нивното незнаење, колку во она што тие мислат дека го знаат а во суштина не е точно.“ (Џош Билингс)

birds dinojpgНемеза, Немесис или Немесида   е ќерка на божицата на ноќта Никте и божицата на темнината Ереба, таа е божица на одмаздата и казнувањето по заслуга. Таа е персонификација на праведната борба, на борба против сè што го нарушува редот и рамнотежата во природата. Тоа е истата Немеза која го казнила и убавиот Нарцис. Таа ги менува судбините на луѓето и ги опоменува за умереност.

Но, Немеза е и ѕвезда која има сериозна улога во научната теорија, особено во теоријата за изумирањето на диносаурусите. Оваа теорија зборува за Сонцето и Немеза како двојна ѕвезда. Објавена е во научното списание “Science” со напомена на авторот: „Доколку оваа ѕвезда  се открие, предлагаме да и се даде име Немеза, по божицата која ги прогонува оние кои се без мерка богати, горди и моќни“.

Немеза е и книга за науката која на еден од најдобрите начини ја опишува уметноста на науката. Во 1979 г., Луј Алверез открил што ги убило диносаурусите. Иако бил јавно дисквалификуван и прогласуван за „лудак“, сепак тој е добитник на Нобеловата награда за физика.

Asteroid-Apocalypse-NASA-2015Пред крајот на златното време на диносаурусите, еден астероид или комета со пречник од 8 километри (приближна големина на Монт Еверест) се насочил директно кон Земјата со брзина од околу 32 километри во секунда, што е 10 пати побрзо од најбрзите проектили. Астероидот удрил во земјата со таква сила што сè нагло се загреало до температури од преку милион Целзиусови степени, што е неколку стотици пати повеќе од температурата на површината на Сонцето. Астероидот направил (ако паднал во океан) водата да испари во моментот. Ослободената енергија била поголема од 100 милиони мегатони ТНТ, или 100 тератони, преку 10000 пати повеќе од целокупниот нуклеарен арсенал на САД и Русија.

Се создала прашина која се раширила во целиот свет. Суштествата кои преживеале веројатно си мислеле дека ноќта стигнала прерано, и тоа ноќ без Месецот и ѕвездите. Диносаурусите не можеле да си ги видат ниту своите канџи. Утрото стигнало дури после неколку месеци.

Скоро сите животни и растенија биле мртви. Тримесечен период на темнина и ладно било пресудно за исчезнувањето на сè од земјата. Чудо ако се одржал некој облик на живот. Во суштина, исчезнале скоро сите копнени животни потешки од 25 кг, веројатно тие биле најранливи заради високото место во ланецот на исхраната. Диносаурусите исчезнале засекогаш и на копното и во морето.

Најблиските роднини на диносаурусите кои преживеале биле птиците.Сепак тоа се од оние карактери на суштества кои и кога тонат, тонат во височина. Диносаурусите сепак исчезнале достоинствено, не се согласиле да станат глувци, само за да јадат сирење.

nemesis

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: