Училишниот ден во Јужна Кореја трае од 9 до 17 часот, а потоа најголемиот број ученици продолжуваат со дополнителна настава до 22 часот. Учебната година трае 220 наставни дена. Училишниот ден во Финска трае од 8 до 14 часот. Учебната година трае 190 дена, доминираат воннаставните активности, бидејќи веруваат дека најголемиот дел од учењето се одвива всушност надвор од училиштето. Во Јужна Кореја одделенијата се многу големи, наставникот треба да го води одделението како заедница, да развива врснички односи и вредности кои ги промовира општеството. Во САД фокусот е на индивидуата и индивидуалните односи.

Естонија троши околу 4% од БДП на образование. Со промените на образовниот систем од 1992 г., целта е: „Да создадеме задоволителна и стимулирачка состојба за развој на индивидуалноста, семејството и естонската нација, поттикнување и развој на етничките малцинства, економијата, политиката и културниот живот во Естонија, зачувување на семејството во глобално-економскиот и културен контекст…“

Овие три примери се интересни за споредба и се пример на добра пракса, бидејќи и трите земји пред само 30 до 50 години имале сериозни проблеми со својот општествен и образовен систем, граѓанска војна и зависност од други земји. Но, во што е успехот?

Клучниот момент е во препознавање на вистинските потреби и културата во државата, како и храброста да се инвестира сериозно во образованието и науката и особено во наставничката професија која е заедничка точка на најдобрите системи. Во Јужна Кореја, образовниот систем се води со мотото: „Ако доволно напорно работиш, можеш да бидеш и доволно паметен“. Тие веруваат дека во текот на образованието секој мора да помине низ тежок период на образование за да се стекне до светла иднина. Тоа е земја каде целото општество прави притисок за напорна работа, која ја подржува и поттикнува дисциплината, работата и редот. Родителите трошат и до 25% од буџетот на образование на своите деца.

Тоа е земја во која додека се приемните испити на универзитетите забрането е летање на авионите над местото каде се испитите, а родителите се молат додека трае тестирањето.

сизифПоимот „кинеска мајка“ се употребува во широка смисла исто како и „западни родители“. На пример, родители од запад, кои за себе тврдат дека се строги, ги тераат своите деца да вежбаат свирење по половина час на ден. Најмногу еден час. Кинеската мајка првиот час го смета за загревање. Дури вториот и третиот се доволни за тој ден.

Постојат многу истражувања кои потврдуваат изразени и мерливи разлики во воспитните стилови помеѓу кинезите и западњаците. Во едно такво истражување учествувале педесет мајки американки и четириесет мајки на кинески имигранти. Скоро 70% од Американките се согласуваат дека „инсистирањето на академски успех е лошо за децата“ или дека “родителите треба да им покажат и прикажат на децата дека учењето е забавно“, наспрема тоа, буквално ниту една кинеска мајка не изразила сличен став (0%).

Во едно друго истражување, се покажало дека кинеските родители, во споредба со родителите од запад, поминуваат десетпати повеќе време во вежбање на училишните содржини со своите деца. Од друга страна, децата од запад често се вклучуваат во спортски активности.

И сега се доаѓа до најважното. Ако помислуваме дека американскиот спортски тип на родител е сличен со типот на кинеската мајка, многу се лажеме. За разлика од просечната, западна мајка која својот млад фудбалер го пренатрупува со бројни задолженија, просечната кинеска мајка верува:

  • дека училишните задачи мораат да бидат на прво место
  • дека 5 – е лоша оцена
  • дека нејзините деца мораат да бидат две години понапред пред своите врсници по предметот математика
  • дека не смее никогаш јавно да ги фали своите деца
  • дека секогаш мора да биде на страната на наставникот или тренерот ако дојде до несогласувања помеѓу нив и нивните деца
  • медалот кој ќе се освои треба да биде златен.

Реалноста е дека детето во овој свет мора да знае како да учи, како да биде упорно и внимателно и како да истрае после неуспехот. Ако се прашувам јас, тоа е моделот кој ни е потребен.

 

 

Извор:

U čemu je tajna uspešnih obrazovnih sistema?