Во 1998 г., во дворот на едно училиште во градот Џонсбор во државата Арканзас се случило убиство. Eдна новинарка им поставила прашање на училишните советници (во САД училишен советник е наставник кој на учениците им помага на академски и личен/социјален план, но и на планот на кариерата и понатамошното образование, но исто така работи и индивидуално и групно советување со учениците). Нејзината имплицитна претпоставка била дали момчињата се склони кон насилство поради нивните биолошки карактеристики.

На ваквите прашања училишните советниците посочиле дека ги ставаат во сенка вистинските прашања а тоа е во каква култура ги воспитуваме децата.

Советниците сакале малку да си поиграат со ваквите новинари и посочиле едно истражување на некој познат психолог кој рекол дека со многу големо внимание го проучува прашањето на „природата или воспитувањето“, дека тој човек ја прочитал целокупната достапна литература и на крај дошол до одговорот: победила природата, и тоа со резултат 53 на спрема 47 %. Новинарката се насмевнала, ја сфатила духовитоста и вистинитоста на тврдењето, дека влијанието на природата и влијанието на воспитувањето се поврзани во сè што правиме. На, крај одговорила „Па, луѓето бараат едноставни одговори.“

kain avelРасправата на темата „природата или воспитувањето“ не оддалечуваат од вистинската сложеност на нашите проблеми со дисциплината. Наместо на овие два проблеми да гледаме одвоено, современите размислувања во невронауките нагласуваат дека не може да се одврзе  така лесно врската меѓу биологијата и искуството.

Постојат, две јасни биолошки разлики помеѓу момчињата и девојчињата преку кои е докажано дека имаат влијание на развојот на однесувањето. Првата е, вербалната способност – во просек побрзо се развива кај девојчињата отколку кај машките деца: девојчињата порано прозборуваат и по течно зборуваат. Машките деца подоцна ги стигнуваат, но женската супериорност на тој план е очигледна и за родителите и за наставниците и за истражувачите, особено во првите одделенија од основното образование. Втората разлика е во тоа што момчињата физички се поактивни, побрзо и повеќе се движат. Оваа склоност на активности обликува друг вид искуство кај машките деца и други доживувања.

Освен овие две, нема многу развојни разлики кои се очигледни од биолошкото потекло. Дури ниту тоа дека машките деца имаат подобри математички вештини, и дека се предодредени биолошки. Многу студии за разликите помеѓу половите во поглед на математичките способности покажуваат дека вкупно гледано, девојчињата дури се поуспешни.

Колку повеќе внимание се посветува на разликите помеѓу половите толку повеќе се искривува погледот на стварноста. Вистината е дека мажите и жените имаат многу повеќе сличности отколку разлики.

Тестостеронот, на пример, е „синоним“ за машкоста и популарното објаснување за агресивното однесување.  Но, истражувачката литература „не дава докази за врската помеѓу тестостеронот и агресивното однесување“. Во едно истражување мерен е тестостеронот  кај најнасилните деца. Истражувачите утврдиле дека кај ниту едно дете нивото на тестостеронот не ги надминало нормалните вредности ниту се разликувал од нивото кој е измерен кај група деца кои не се агресивни, на иста возраст и иста раса.

Антрополозите покажуваат интересни докази. Семои  се заедница во Малезија, едни од најмирољубивите човечки заедници за кои се знае. Мажите никогаш не се меѓусебно спротивставуваат, никогаш не се тепале помеѓу себе, и никогаш не тепале жена, родителите никогаш не ги тепале децата. Децата многу ретко се расправаат помеѓу себе. Напади, силувања, убиства, за нив практично не се познати. Народот Семои верува дека насилството е опасно и дека агресивните мисли и нељубезноста не изложуваат на поголем ризик да се разболиме или нешто лошо да ни се случи. На тој начин нивните деца од најмали учат дека ненасилството е начин на кој треба да се однесуваат.

Амишите и Хутерите се христијанска заедница во САД, неверојатно се мирољубиви, 350 години не е регистрирано ниту едно убиство.

Насилството не е вродено туку се создава, пред се во општествата и заедниците како што е нашата, во кои на агресивните пориви им се дава поддршка и „одврзани раце“. Можеме да ги воспитуваме децата да бидат ненасилни само ако направиме таков избор.

Библиската приказна за Каин и Авел во која љубоморниот Каин го убива својот брат, опстанува до денес како парабола за спротивставеноста помеѓу браќата. Но, оваа приказна е толку силна и денес токму поради одразот на емоционалниот  живот на денешните деца – желбата да се биде сакан и почитуван, склоноста за понижување и нанесување срам, бес и насилство, а не патот кон размислување и разбирање.

Зошто се лутиш? Зошто се помрачи твоето лице“, остар е одговорот на Бог кон Каин. Со други зборови: „Помини преку тоа!“….

Доколку беа родителите Адам и Ева, можеби Каин ќе можеше да поразговара и да добие совет. Родителски да ги вразумат, мирно и одлучно да им објаснат што е животот, пред сè што е животот во заедница.