Голем број од родителите и наставниците ги вознемирува тоа што во денешно време се случува со децата и младите. Тешко може да му се чудиме на таквиот немир. Зошто секоја година расте бројот на ученици зависни од психотропни супстанци, ученици што не се успешни на училиште, агресивни и насилни, кои се дел од криминални групи, кои паѓаат во депресии, па дури и до убиства во училишта. Доаѓа и до тоа некои ученици физички и психички да ги малтретираат своите наставници, а адолесцентите ги понижуваат своите родители.
Во ликот на современата криза на воспитувањето се појавува прашањето: Што е тоа што ја предизвикува оваа криза во воспитувањето? Како е тоа можно во 21 век, кога сè треба да биде подобро?
Некои педагози причините ги наоѓаат во постмодернизмот. Еден од нив е Марек Ѓевецки.
Постмодернизмот предизвикува голем број полемики, научни истражувања и анализи. Во некои области како што е педагогијата постои колективна депресија од постмодернизмот. Некои од основните карактеристики на овој систем се:
- верување дека сè е релативно и субјективно: искуството, моралот и културата;
- верување дека во светот доминираат мас медиуми кои не се оригинални, несериозни и неодговорни, што предизвикува прифаќање на иронија и сатира како пригоден начин на изразување:
Постмодернистичкиот став е намерно отстапување од пристапите кои доминирале во минатото. Поимот постмодернизам произлегува од одбивањето на модерната научна психа што се развила за време на просветителството. Ако модернизмот се поврзува со идентитетот, единството, авторитетот и прецизноста, постмодернизмот се поврзува со разликата, разграничувањето, текстуалноста, скептицизмот.
Постмодернизмот претпоставува дека човекот може нормално да живее; да се развива и функционира одделен од вистината и љубовта; од семејството и врските; вредностите и слободата; чувствителноста и дисциплината; и тоа дека секој човек има своја вистина и е добар судија за себе; дека сè може да се толерира; дека секој начин на постапување е добар; тоа што општеството донесува одлуки со демократски гласови е праведно; и дека слободата е правење на тоа што во даден момент некој би сакал да го прави.
Со ваквиот вид апсурдни идеолошки принципи постмодернизмот се обидува да ги потчини сите науки за човекот, а особено антропологијата, психологијата, социологијата и педагогијата.
Постмодернизмот во ученикот ги развива неговата алчност, емоционалност и субјективните уверувања. Сите други сфери, а особено моралната, духовната, социјалната и аксиолошката сфера се третирани како нешто наметнато на ученикот однадвор и како пречка за неговата спонтана самореализација.
Општествената средина во која живеат децата и младите се повеќе е антивоспитна. Средината се карактеризира агресивно со промовирани идеолошки пароли како што се: „Правете што сакате“, „Живејте опуштено“, „Бранете ги правата на децата“ (не велејќи им ништо за обврските!), „Воспитувајте без стрес“, „Не им наметнувајте на учениците никакви морални или дисциплински норми“, „Зачувајте го неутралниот поглед на светот“.
Кога се појавуваат драматични последици од ваквиот вид однесување, постмодернизмот ги „решава“ проблемите создадени сами од себе, повикувајќи се на слоганите за демократски права, за толеранција, за малата штета од конкретниот чин или пак на чувствителноста на ситуацијата на сторителот (не на жртвата!).
УЧИТЕЛИ И ПРОФЕСОРИ СО ДЕЦЕНИИ ГОВОРАТ ЗА КРИЗА ВО ВОСПИТУВАЊЕТО
Она што некогаш се нарекувало невоспитание или лошо однесување, денес внимателно се преформулира во недостаток на социјални вештини. Денес децата очекуваат сè што ќе посакаат да добијат, и тоа многу побрзо од кога било порано. Тоа може да се објасни и како резултат на културата според принципот „кликни и гледај“, „кликни и купи“, односно културата на медиумите, и целото тоа засилено со големите промени во родителството, промените на општествените вредности и законодавството.
Иако, денес науката постојано повторува дека без „заклучоци засновани на докази“ не треба да се објавува или тврди, сепак има многу докази од реални ситуации. Најголемиот број учители и професори веќе со децении говорат дека се воочуваат промени на лошо во поглед на однесувањето на младите генерации.
„Наставниците се под притисок“, извештај кој го објавил Факултетот за образование на Универзитетот Кембриџ, идентификувал пораст на општа појава на непослушност која од семејството се пренесува и во училницата. Извештајот посочува рушење на моделот на родителство, погрешно насочена дисциплина во училиштата, што за резултат има лошо однесување кое достигнува највисоко ниво. Наставниците на почеток вината ја препишувале на наставните планови и програми за кои мислеле дека не се доволно мотивирачки, но денес сметаат дека причината е во брзите општествени промени. Децата стануваат вешти манипулатори и тоа од сите слоеви во општеството.
Овде се посочува точката на пресвртницата. Од аристократија до ниска класа, децата се толку разгалени што тоа ги надминува границите. Иако имаат премногу и премногу им е дозволено и е направено во општеството, сепак, нивната добробит не се зголемува како што се очекувало, последиците се мерливи, децата патат и тоа не може ни да се претпостави во кои мери. Денес има најголем степен на депресија кај деца, најмногу убиства кои деца ги направиле на други деца, најмногу малолетна бременост, гојазност, насилство и несоцијално однесување и алкохолизам , меѓу децата од пред пубертетска возраст – од кога се води статистика. Во сите индустријализирани земји се воочуваат истите општи трендови.