All teachers can be the best teachers. We know how to do it as quickly as possible

креф 1КРЕФ“- меѓународен филмски фестивал кој веќе трета година по ред е акредитиран од страна на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија,  фестивал на листата на акредитирани ученички и учителски натпревари во регионот.

КРЕФ“ е избор на најдобри филмови од деца, ученици, учители и стручни соработници како и од родители. Целта е активно вклучување на учениците во наставниот процес и развивање на партнерски однос помеѓу ученикот и учителот. Финалната манифестација на доделување на наградите на најдобрите ученици и ментори ќе се случува во Штип, кон крајот на септември 2018 година.

 

На наставниците во регионов им е потребна реална повратна информација за својата работа

Уште во 2013 година Бил Гејтс се обрати до јавноста преку Ted Talk во кој сосема едноставно,  преку практични примери од секојдневието на наставниците, упати совети и идеи за унапредување на професионалниот развој на наставниците. Според него, единствено достапно и функционално средство за подобрување на квалитетот на работата на наставниците е филмот. Камера монтирана во секој училница, поврзана единствено со личниот компјутер на наставникот и снимки кои само тој лично би може да ги гледа, анализира и оценува. Според негова проценка и истражувања извршени на терен, нема подобар советник и критичар од самиот наставник кој би имал можност да се гледа себе си, начинот на кој се однесува, атмосферата која ја предизвикува, разговорите кои ги води и начин на кој ги насочува учениците.

Учителката Весела Богдановиќ со преку 250 снимени часови во својата училница, сосема се согласува со овој став и го потврдува во целост. Филмовите се нејзин најубав траен спомен и лично богаство, но и најстрог советник и инспектор за тоа каде, што и како може да биде подобра во својата професија. Од своите снимки научила брзи лекции на кои никој друг не би можел да ја научи, ниту за толку брзо време, ниту без укажувањето да биде сфатено лично. Филмовите и фотографиите заедно со социјалните мрежи ги опишува како фер прилика за зачувување и промоција на личен ентузијастички труд,  достапна подеднакво за секого.

креф 2Со нејзиниот колега Зоран Илиќ,  учител од Лесковац, соседна Србија, денес се автори на КРЕФ – меѓународен филмски фестивал кој веќе трета година по ред е акредитиран од страна на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија,  популарен на листата на акредитирани ученички и учителски натпревари во регионот.

Професорот Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки при УГД Штип , досегашниот поддржувач и член на стручното жири на овој фестивал, воедно и директор на меѓународниот КРЕФ, оваа година презеде иницијава и овозможи финалната манифестација на доделување на наградите на најдобрите ученици и ментори да се случува во Штип, кон крајот на септември 2018 година, со што и повеќе македонски учесници и колеги  ќе имаат прилика лично да присуствуваат на настанот.

Категориите за учество на ученици и ментори се менуваат секоја година согласно современите текови и потреби на образованието. Оваа година фестивалот отвора прилики за учество во пет категории и теми интересни и за наставниците и за учениците.

креф 3Должината на филмовите може да биде од една до седум минути.

Краен рок за испраќање на филмовите е 08.06.2018 година.

Повеќе информации околу правилата на следниот линк

https://kreffilmskifestival.weebly.com/makedonija-kref.html

0012345