Основните карактеристики на старовременската школа, поточно нејзината физиономија и педагошко-наставна содржина биле следниве: училиштата немале ниту закони ниту правилници. Работеле според востановена традиција. Во училиштата се изучувале: азбука, буквар, наусница, псалтир, светче, пишување, сметање, пеење и морално воспитување.
Старовремските даскали биле народни. Описменувале, образувале, воспитувале и влијаеле на националното осознавање, будењето и препородувањето.new-1SE
Гоце Делчев„да се осознае, да се просвети и издигне народот на едно одредено културно ниво, значи да се изврши „МОРАЛНА РЕВОЛУЦИЈА”, која е така потребна за еден решителен пресврт на односите во македонската стварност.
МОРАЛНАТА РЕВОЛУЦИЈА” за Делчев е РЕВОЛУЦИЈА НА УМОТ, СРЦЕТО И ДУШАТА НА ЕДЕН НАРОД”. Ете, зошто така самопрегорно тој го прегрна учителскиот позив и културно-просветната мисија, бидејќи за вистински родољуб, патриот и револуционер, друг пат нема.
ПРЛИЧЕВОТО „НЕ“ – „вториот Хомер“, не подлегна на славата и понудата на грчките сметки. Храбро и достоинствено ја одби понудата да стане „светски човек“ – Грк. Григор Прличев одби блескава кариера и грчка стипендија во Оксфорд, за да се врати во Охрид и да почне со учителствување и просвета на македонски јазик. „Имав право, или подобро да кажам, должен бев да се одречам“. (Зеницата на Македонија)
Рајко Жинзифов – „Европска поразија“, повикува на просветниот и преродбенски дух, на просветителска акција и активизам. Просветната заостанастост на Македонија се споредува со запустена и неизорана нива.
Мисирков: „да се дише на македонски

indexБлаже Конески: „Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат“
Гане Тодоровски: „Тоа не вознемирува буквално сите и за кое можеби сите од ред, како Македонци, немаме одговор. Наше е да изградиме смисла за РАЗУМЕН ОТПОР… како стратегија на опстанок…Ни треба доволно достоинственост да издржиме. Наше е да им кажеме: НИЕ НЕ ВЕ РАЗБИРАМЕ!“
Анте Поповски: поетот кој поучуваше како се сака татковината – „и ѕвездите шепотат македонски“

И нашите прадедовци стоеле пред тежок избор. Уште потежок од овој пред кој ние стоиме денес. И кога го направиле својот избор, нивниот живот на овој свет не станал ниту подобар, ниту посигурен, туку уште потежок и уште понесигурен.
Очајно е човек да мисли дека нема избор и алтернатива. ЧЕСТА И ДОСТОИНСТВОТО СЕ ПОВАЖНИ. ТАКА ПОУЧУВААТ УЧИТЕЛИТЕ!
Отсекогаш сме имале учители. И тоа добри и најдобри. Примери на универзумот.