Беррес Федерик Скинер (1904-1990), во 1971 г., ја објавува книгата „Отаде Слободата и Достоинството“ (Beyond Freedom and Dignity, 1971, тоа е книга за технологијата на човековото однесување или за т.н. „културен инженеринг“.

Book_cover_Beyond_Freedom_and_DignityПрогласен за највлијателен психолог на 20 век. Креатор на т.н. програмирана настава. Професор кој на своите предавања доаѓал заедно со своите гулаби, сакајќи да им покаже на своите студенти дека гулабите можат да прават колуг напред, дека можат да ги разликуваат дури и сликите на Моне и Пикасо. Човек кој добил награда од 25 000 долари од Американската армија за идејата дека може да ги подготви гулабите да носат ракета и да ја погодат метата. Сметал дека тоа што се случува и важи за глувците и гулабите, важи и за луѓето.

Познат по т.н. „Кутиите (Кафезите) на Скинер“, или радикалниот бихејвиоризам, според кој го застапувал тврдењето на инструменталното учење и утврдувањето на основните принципи на однесувањето на човекот.

Скинер тврдел дека однесувањето на човекот во целосност може да се објасни врз основа на околината и дека тука нема место за толкување на внатрешната состојба. Тој ги барал законите и правилата според кои околината делува на човекот.

Награда и казна

Целокупното однесување на човекот е научено. Тие научени облици на однесување се флексибилни и можат да се менуваат и обликуваат со класично условување и инструментално учење. Организмот е активен заради некоја потреба, наученото однесување се користи како инструмент за задоволување на таа потреба.

Овие истражувања доминирале во психологијата и значително влијаеле на учењето и наставата. Во светлината на доминантниот образец С – Р (стимуланс – реакција) и бројните истражувања направени главно на животни (глувци и гулаби) во лабораториски услови, учењето е дефинирано како доаѓање до одговорот, т.е. механички процес во кој точните, посакуваните одговори автоматски се зацврстуваат, а неуспешните одговори автоматски слабеат, со повратната информација од средината.

Ученикот е пасивно суштество чиј репортоар на однесување зависи од тоа дали средината поединечното однесување го наградува или казнува. Наставникот е тој кој активно ја дава повратната информација, оној кој ги наградува точните и казнува погрешните одговори на ученикот. А цел на наставата е да го зголеми (или засили) бројот на точните однесувања на репортоарот на ученикот.

Скинер, со правото на учител, прокламира дека ќе направиме училишта во кои не само што сите ќе бидат послушни и тренирани ученици, туку никој не ќе смее да биде непослушен ученик. Големите сили, прокламираат дека не само што ќе направиме сите земји на светот да бидат наши и послушни членки, туку ниедна држава не ќе може да не биде наша и непослушна членка.