Либерализмот во образованието неминовно го отвора и прашањето на домашното образование, иако историски гледано првиот систем на образование е всушност домашното образование.

хоме едуцатион 1Ова прашање треба да се отвори во општеството и да се дебатира бидејќи е многу чувствително и секогаш треба да се внимава на интересите и правата на децата. Домашното образование постои во многу земји во светот и тоа е особено застапено во англосаксонската традиција на образовни системи. Неговите клучни карактеристики се тоа што е приватно, се реализира во домот и е под раководство и контрола на родителите.  Тоа е момент кога се задоволуваат желбите на родителите и кога тие се клучниот фактор кои оценуваат што е најдоброто за нивните деца.

Критики за и против има во многу земји, и тие во главно се однесуваат на недостатокот на социјалниот и емоционалниот  елемент во развојот на децата како и на адаптацијата во општеството.

Со оваа алтернатива на образование се отвора и прашањето дали така ќе се поделат децата на богати и сиромашни!? Кој ќе ја изготвува програмата? Кој ќе ја акредитира? Дали семејството може да ангажира и учител, но и многу други прашања?

Од друга страна застапниците на оваа форма на образование е со критики кон државниот систем на образование и се незадоволни од ефикасноста на воспитно-образовниот систем, но и силно го нагласуваат правото на родителот да одлучува за образованието на своите деца.

Оттука, треба многу внимателно да се тргне со ова прашање и пред се да се дебатира во стручната и пошироката јавност.