Егоцентризам е неспособност на некоја личност да го гледа светот од гледна точка на друга личност, туку само од своја гледна точка. Се карактеризира со прекумерна окупација со себеси и прекумерен однос кон сопствената важност и незаменливост.

Работејќи со  деца кои живеат на планина, Пијаже и неговиот колега Инхелдер (1967) ја дизајнирале задачата „Три планини“ за да ја проценат свеста на децата како тие гледаат на светот околу нив. Во задачата „Три планини” од детето се бара да погледне во тридимензионален модел на пејзаж обележан со ридови и планини. Кукла седи наспроти детето, која исто така се соочува со пејзажот. Од детето се бара да избере меѓу сликите што го претставуваaт пејзажот, и како куклата ги гледа ридовите и планината, од гледна точка на куклата.

Figure Three Mountains Task

 Piaget и Inhelder (1967) откриле дека во оваа ситуација, 4-годишниците ги избрале своите сопствени погледи, а не погледот на куклата. Но, децата  на возраст од 8 или 9 години, со сигурност ја одбираат сликата што ја претставува визијата на куклата. Овој егоцентризам, како што го нарекол Пијаже, е клучна точка на детската мисла.

Друг пример за еоцентризмот во раното детство  кој го проучувале Џон Флавел и неговите колеги, кои измислиле голем број задачи за да ги истражат димензиите на егоцентризмот е и т.н.  „роденденска задача“.

Детето треба да избере подарок  за роденденот на неговата мајка. Флавел и неговите колеги откриле дека повеќето тригодишни момчиња како роденденски подароци за своите мајки избираат „машки играчки“ , исто како што повеќето 3-годишни девојчиња избираат кукли како роденденски подароци за своите татковци.

Но, Пијаже знаел за планината која секој човек ја има во себе. Тaа е целта за сопственото самоизвишување. Планините се тука да не потсетат дека човекот е суштество на вертикала, и дека најголемата победа е да ги искачиш врвовите во себе, и да почнеш да ги гледаш нештата околу тебе од сите страни.