Зигмунд Фројд (основачот на психоанализата), ги намалува бројот на мотиви кои ја чинат основата на сите наши постапки, и тој вели дека има два мотиви: (1) сексуален нагон и (2) желба да се стане голем.
Џон Дјуи еден од основачите на филозофијата на прагматизмот, смета, дека воопшто најдлабоката потреба, која е својствена на човечката природа е желбата да се биде значаен.
Вилијам Џејмс, најдлабокото својство на човекот е да биде оценет според заслугата, тоа е страсна потреба.
Др Ненси Дарлинг (Darling) и Линда Калдвел (Caldwell) го истражувале и проучувале лажењето кај тинејџерите и слободното време кај младите. Една од теориите за проучување на слободното време е дека адолесцентите започнуваат да пијат и да имаат секс, делумно заради тоа што голем дел од времето остануваат без надзор. Националниот центар за зависности и злоупотреба на дрога во САД открил дека адолесцентите на кои им е досадно и неорганизирано времето имаат 50% повеќе шанси да пушат или да користат дроги.
Од 36 потенцијални теми, на најмалку 12 теми просечен тинејџер ги лаже своите родители. Тинејџерите лажат на што ги трошат парите (џепарацот), дали имаат дечко или девојка, која облека ја облекуваат кога не се дома, лажат кој филм го гледале и со кого го гледале. Лажат за користењето на алкохол и дрога, лажат дали се дружат со другари и пријатели кои нивните родители не ги одобруваат. Лажат како го поминуваат времето на пладне, ако нивните родители се уште се на работа. Лажат дали се возеле во кола со пијан возач тинејџер. Лажат дури и во тоа и кога се дома – дали ја завршиле домашната задача, или која музика ја слушаат.
Сепак, најмногу кријат за пиењето алкохол, користењето на дрога и нивниот сексуален живот. Ретки се децата кои целосно се искрени со своите родители. 96% од тинејџерите во истражувањето на Дарлинг ги лажат своите родители.
Тоа што некое дете посетува некоја напредна настава, не ги менува овие бројки, ниту ги менува ако ученикот е многу зафатен и пренатрупан со обврски.
Всушност, вистината е дека „тинејџерите лажат бидејќи сакаат да го зачуваат односот со родителите. Не сакаат да ги разочараат“, вели Дарлинг.
Она што најмногу е изненадило Дарлинг е силниот страв на родителите кон децата. Најмногу родители денес веруваат дека тинејџерите најдобро ќе ја откријат и говорат вистината, доколку бидат попустливи и не им поставуваат директни правила. Родителите го замислуваат компромисот помеѓу добрата информираност и строгоста. Но, Дарлинг открила дека попустливите родители не дознаваат повеќе за животот на своите деца. „Децата кои „полудуваат“ и почнуваат да влегуваат во проблеми, во главно имаат родители кои не поставуваат граници и правила.
Ова истражување се проширило и на Филипините, Италија и Чиле.
Но, Дарлинг открила и дека многу родители со строги правила, всушност не ги спроведуваат тие правила. Многу е потешко да спроведуваш три правила отколку да поставиш дванаесет“.
Преку криењето информации во својот живот, адолесцентите го градат својот општествен статус и идентитет (сега се свои луѓе), независно од своите родители или другите возрасни авторитети.
Во една анкета, 78% од родителите биле сигурни дека нивните тинејџери можат да разговараат со нив за сè. Меѓутоа, тинејџерите не мислат така.
Барањето помош од родителот, од перспектива на тинејџерот е премолчено признавање дека тој е недоволно зрел проблемот да го реши сам.
Истражувањето покажало дека приговорот на родителскиот авторитет е помеѓу 14-15 година. Овој отпор е посилен околу 11 година. Во популарната култура, се мисли дека периодот на средно образование е ризичен период, но овие психолошки сили се јавуваа пред тоа.
„Родителите кои се најдоследни во спроведувањето на правилата, всушност се оние родители кои на најтопол начин и најмногу разговораат со своите деца“. Тие поставиле само неколку правила во одредени области и им објасниле на децата зошто тие правила треба да се почитуваат од децата. Во другите области од животот, тие родители силно ја подржуваат автономијата на детето, овозможувајќи му слобода да носи сопствени одлуки.
Децата на ваквите родители најмалку лажат. Наместо да кријат околу 12 области од своите родители, тие можат да кријат околу 5.
Колку пати родителите им рекле на своите тинејџери: „Зошто мораше ова да го пробаш или направиш? Зарем не знаеше дека ова е лоша работа?!“ всушност, мозокот на тинејџерите може да размислува апстрактно, но не и да чувствува апстрактно – барем се до тогаш додека не добие поголемо животно искуство кое ќе може да го користи. Неопходно е чувството дека е тоа лоша идеја за да се запре и да не се направи ништо.
Др Џудит Сметана лидер во истражувањата на тинејџерите, потврдува дека долгорочно, „умерен конфликт со родителите (во текот на адолесценцијата) е поврзан со подобро прилагодување отколку што е тоа случај во односи во кои нема конфликт или каде конфликтот е многу чест“.
Воспоставувањето на одговорноста кај децата нужно е поврзано со конфликтот помеѓу детето и родителот. Тоа всушност е конфликт помеѓу биолошкиот принцип кој управува со детето и општествениот принцип со кој управува родителот.