ГОЛЕМИОТ НАУЧНИК ИЛИ СПОРТИСТ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА Е И ДОБАР ПРОФЕСОР И ПЕДАГОГ

Секој сака да учи од најдобрите. Ако сакате да станете светски првак во скок со стап, учете од Сергеј Бубка. Бубка денес е тренер, ама се уште никој не научил да скока повеќе од него. Ако сакате да научите физика, учете од Алберт Ајнштајн. Кој би можел да биде Ваш подобар професор од Ајнштајн?

ProfessorsОткако Ајнштајн ја објавил теоријата за релативитет, само тројца студенти сакале да доаѓаат на неговите предавања, и тоа сите биле негови поранешни пријатели. Веќе, следниот семестар морал да ги откаже предавањата бидејќи само еден студент се запишал на неговиот предмет. Универзитетот дури изразил загриженост за начинот на неговите предавања, но го спасиле пријателите да не ја загуби работата. Неговиот биограф запишал: „Ајнштајн никогаш не беше инспиративен професор, а неговите предавања се дезорганизирани“.

Причината не е во тоа дека големите умови, експерти, спортисти, не се грижат за тоа каква е нивната настава или како тие го пренесуваат своето знаење. Причината е во нешто друго. Психологот Сиан Бејлок, вели: „Како што со текот на времето стануваш подобар и подобар во она што го правиш, вашата способност да комуницирате и да го пренесете вашето знаење и разбирање на другите станува се полошо и полошо”.

Пред универзитетите и училиштата да го избираат својот кадар, би било добро да дознаат дали тие луѓе сакаат и можат да предаваат. Пред да побарате експерт како наставник или тренер, клучниот фактор не е само она што тие го знаат и што направиле, туку и колку јасно и ентузијастички комуницираат. Студиите на научници од светска класа, музичари, спортисти и уметници откриваат дека немаат врвни наставници или тренери од рана возраст, тие започнале со наставници или тренери кои направиле од науката и наставата да биде пријатно и забавно да се учи.