ЗИГМУНД ФРОЈД – ПОСТОЈАТ ТРИ НЕВОЗМОЖНИ ПРОФЕСИИ: ВОСПИТУВАЊЕ, ПОЛИТИКА И ПСИХОАНАЛИЗА

Ако општеството веќе предолго е пореметено, со толку голема количина на негативни, деструктивни состојби, тогаш, како да се прилагодите на долгогодишната ненормална ситуација и како наставниците и родителите да ги воспитуваат децата, а општеството да не ги расипе, разболи, истера…  или да се вклопат во истото тоа општество?

Постојат три невозможни професии: воспитување, политика и психоанализа. Сите три ги води еден принцип на човековата целокупна активност – задоволствата.

Quotation-Sigmund-Freud-In-the-small-matters-trust-the-mind-in-the-large-70-92-46

 

Едните го обвинија и напишаа книга „Фројд антипедагог“ (Catherine Millot, 1979), спротивно на нив, другите објавија „Фројд педагог“ (Mireille Cifali, 1982).

 

Фројд ги повикува педагозите да ја користат науката за психичкото несвесно во воспитувањето на цивилизацијата. Психоанализата покажа дека воспитувањето не  е само свесно, намерно и организирано делување на општеството над човекот, туку дека е и несвесно, ненамерно и неорганизирано влијание на личноста која се воспитува.

Детето е суштество кое поседува агресивни нагони. Конрад Лоренц и Едгар Морин, покажаа дека нагонската нерегулираност е важна карактеристика на човековата врста.

Зошто е толку тешко воспитувањето? Првиот и можеби најважен принцип на човековата целокупна активност е задоволството. Нашата работа, чувства, мисли, во принцип се раководени од постојано барање на  задоволства и избегнувањето незадоволства. Луѓето сакаат да бидат среќни и тоа така да остане. Оваа аспирација има две страни, една негативна и втората позитивна: од една страна да се избегне болката, а од друга да се бара радоста.

Нервозата произлегува од наведените замени и забрани, и така воспитувањето по својата суштина е фрустрирачко, бидејќи оневозможува изразување на еден природен принцип – задоволството.

Средбата на детето и културата, тоа е она место и момент каде започнува воспитувањето. Воспитувањето е акција на возрасниот над детето, која му овозможува социјализација на детските желби, желбите да се прилагодат на реалноста, задоволството да се интегрира во средени меѓучовечки односи. Всушност воспитувањето започнува со контролирање на нагоните и тенденциите во целосно слободно и полно изразување. Тоа е средба на биологијата (нагонското во детето) со средината и културата. Културолошките закони се надградуваат на биолошките. Средбата на биологијата и културата е најважниот аспект за трајниот однос помеѓу индивидуата и културата, таа е прогресивна во текот на целиот живот.