КAKО ДЕТЕТО ГО НАУЧИ СОКОЛОТ ДА ЛЕТНЕ?

eagle

Некој крал на подарок добил два соколи и веднаш ги пратил на дресура на најдобриот познавач на птиците. После неколку месеци учителот донел само еден сокол кој веднаш ја прифатил дресурата.

– А што е со другиот? – запрашал кралот.

– Жал ми е честити кралу, другиот сокол многу чудно се однесува. Можеби боледува од некоја ретка болест, бидејќи никој не може да го мрдне од стеблото на кое стои од првиот ден. Еден слуга мора секој ден да се качува и да му носи храна.

Кралот ги повикал ветеринарите, советниците, докторите и експертите од сите области, но никој од нив не успеал да го научи соколот да лета.

Од прозорот на својот дворец во очај го набљудувал соколот кој деноноќно стои на стеблото. Еден ден кралот побарал помош од сите во кралството. Следното утро, кралот видел како гордо лета соколот.

-Доведете ми го човекот кој го натера соколот да летне! – наредил кралот.

Пред кралот се појавило едно младо дете.

-Како го натера соколот да летне? Како успеа во тоа? Да не си некој волшебник? – запрашал кралот.

-Детето срамежливо објаснило:

–  Не беше тешко…ја пресеков гранката на која седеше, и соколот тогаш сфати дека има крила и почна да лета.

Колку луѓе седат на гранка во незнаење дека поседуваат и имаат крила? Можеби еден ден ќе сфатиме дека сме кадарни да „полетаме“ кон подобро, и веројатно тоа сознание ќе биде проследено и со каење зошто тоа не било порано….

eagle