Ласло Полгар (11 мај 1946 г,), е унгарски наставник по психологија на образование. Тој е татко на познатите сестри Полгар: Жужа, Софија и Јудит, кои станаа најдобри женски шахисти во светот на сите времиња.
Полгар се смета за теоретичар во воспитувањето на деца, кој верува дека „генијалците се прават, а не се раѓаат“. Експериментот на Полгар со неговите ќерки е наречен „еден од најубавите експерименти во историјата на човековото образование“. Во својата метода верувал 100%. Тој сакал да докаже дека децата можат да постигнат исклучителни резултати доколку доволно се посветат во одредена област од најраното детство.
Сите три ќерки станаа легенди, а најмладата Јудит се смета за најдобрата шахистка во историјата на шахот на сите времиња. Но, највозбудливото во оваа приказна е тоа што нивниот татко пред да се родат развил теорија која сакал да ја примени во стварноста, таа теорија гласи – секое дете е потенцијален гениј.
На 4 години го освојува првенството на Унгарија за деца до 11 години и предизвикува голем интерес во јавноста. Овие деца не оделе ниту во градинка ниту во училиште. Нивниот татко сметал дека кај најголемиот број деца кои одат на училиште потенцијалите не им се доволно развиваат и оптимално искористуваат. Оттука, тој и сопругата ги воспитувале и образувале своите ќерки дома, со шах и општи предмети и најмногу јазици. Денес тие зборуваат шест јазици.
Малку недостасувало таткото да го затворат и да им го одземат старателството и децата да ги сместат во институција за чување деца.
Еден типичен ден на децата се состоел од следните активности: будење во 6 часот; во 7 часот веќе биле во спортска сала (Ласло знаел дека физичката кондиција е клучна за интелектуалниот успех, затоа секое утро играле пинг-понг); во 10 часот се враќале дома, потоа имале појадок, а денот посветен за шах започнувал во 11 часот.
Децата шах вежбале по 6 и повеќе часа на ден, а за награда која ги мотивирало добивале и пенкало со четири бои или гума за бришење. Имале и домашни задачи. Семејството живеело многу скромно, но родителите биле целосно предадени и неуморни, купувале книги за шах и со текот на времето ја создале најголемата колекција за книги за шах во целиот свет.
Ласло Полгар верувал дека неговата педагошка теорија не е применлива само во шахот, туку во сите подрачја на животот. Сметал дека не е во ред да се делат шаховските турнири на машки и женски. На унгарската федерација никако не им се бендисал фактот дека три девојки го презеле машкиот свет. Па така им биле одземени пасошите и им одредиле три години забрана за натпревари во странство.
Во 1993 го победува Борис Спаски, во 2002 го победува Гари Каспаров, и така станува првата жена која победила светски првак. После победата Јоко Оно ќе и напише: „Ти благодарам во името на сите жени, сегашни и идни“.
За воспитувањето и детството, Јудит вели:
„Пораснав во многу специфично семејство. Сè беше поврзано со шахот. Учев од моите сестри и првото меѓународно натпреварување го освоив на 9 години. На почеток, тоа беше само како игра, но моите родители беа исклучителни педагози кои можеа да мотивираат и да ги гледаат работите од повеќе страни. Подоцна, шахот за мене стана спорт, уметност, наука – сè заедно… Моите родители најголемиот дел од времето го поминуваа со нас, патуваа со нас и имаа целосна контрола на она што се случува. Животот можеше да ни биде и поинаков, но јас сум среќна што ништо лошо не испадна од мене и моите сестри“.
Денес таа се залага шахот да стане задолжителен предмет во образовниот систем.