Причината зошто Американците го почитуваат високото образование е „да се добие добра работа а потоа и одлична кариера“.  Во САД постои се поголемо незадоволство од работата на универзитетите и подготвеноста на дипломираните студенти.

Патот за вработување отсекогаш бил: прво, се запишувате на универзитет, а потоа добивате добра работа. Но, само за момент замислете, што ако има еден поинаков пат – прво на работа која доаѓа со диплома?

Во блиска иднина, една третина од студентите особено најталентираните уште од средно училиште ќе ги пронајдат компаниите кои нудат добра работа во пакет со диплома а потоа и одлична кариера.

Причините зошто доаѓа до ваква промена на парадигмата се:

  • Неодржлив концепт и финансии за наставата,
  • Големи трошоци на семејствата,
  • Промена на побарувачката на потрошувачите кај потенцијалните студенти,
  • Екстремна негативност и перцепција од работодавачите за подготвеноста на дипломираните студенти,
  • Губење и не препознавање на талентите

im-te-header-topic-people-jpgВо истражувањето направено од Универзитетот Каплан, 74% од родителите сериозно ќе размислат за овој модел и за начинот на кој нивното дете ќе биде директно ангажирано од средно училиште од работодавач кој нуди диплома. Родителите овој пат го сметаат за подобар пат во подготовката на своето дете за краен успех во работата и животот.

Постои голема дебата за не ефикасноста на колеџите и универзитети да создадат социјално зрели возрасни и критички мислители. Оваа критика е најсилна кај конзервативците, но се подига на разни начини низ целата академија. Нарушено однесување поврзано со пијанства по кампуси, лоши навики за јадење и спиење, намалена култура на однесување, тоа е повеќе вознемирувачки одмор од реалниот свет, отколку подготовка за тој свет. Ваквите критики најмногу влијаат и ја оспоруваат идејата дека универзитетот е патот за личен и професионален развој.

Овој модел би можел да стане еден од најголемите двигатели за препознавање и задржување на талентите и намалување на трошоците за студирање. Ова значи дека компаниите ќе имаат поголемо влијание, ќе помагаат повеќе, и ќе имаат вредна стратегија за развој и задржување таленти со мерливо враќање на придобивките од инвестициите. Тоа ќе помогне да се премости јазот во подготвеноста за кариера на средношколците и студентите.