ХАНА АРЕНДТ  (1906-1975) –  Образованието е точка во која одлучуваме дали доволно ги сакаме своите деца и дали сакаме да ги истераме од овој свет и да ги пуштиме сами да се снаоѓаат, и дали ги сакаме доволно за да не им ја ускратиме шансата и надежта за нешто ново, нешто што не го гледаме однапред. Образованието е точка во која одлучуваме дали доволно го сакаме светот и дали сме подготвени да ја преземеме одговорноста за тој свет и така да се спасиме од самоуништување.

Hannah-ArendtКризата на авторитетот во образованието многу тесно е поврзана со кризата во традицијата, т.е. со кризата на нашиот однос кон минатото. Од тој аспект со модерната криза „најтешко“ се носат педагозите бидејќи нивната задача е да посредуваат помеѓу старото и новото, што значи дека самата професија исклучително го почитува минатото.

Образованието не треба да учествува во политиката бидејќи во политиката имаме работа со луѓе кои се веќе образовани. Кој и да сака да ги образува возрасните всушност сака да биде нивен чувар и да ги спречи да бидат политички активни.

Hana Arendt book