МАРИО ДЕ АНДРАДЕ – „НА МОЈАТА ДУША И СЕ БРЗА“

Ги пресметував моите години и открив дека ми остана помалку време за живеење од она коешто го проживеав досега.

Се чувствувам како дете кое добило кутија со колачи и првите ги изело со задоволство, но во моментот кога сфатило дека му останало уште малку, почнало да ги јаде со посебно внимание и да ужива во секој залак.

Mario de andrede slikaПовеќе немам време за бесконечни конференции на кои се зборува за статути, правила, процедури и внатрешни одредби, знаејќи дека ништо од тоа нема да биде постигнато.

Повеќе немам време да поднесувам апсурдни луѓе, кои независно од нивната возраст, сѐ уште не пораснале.

Повеќе немам време да се борам со неостварените работи. Не сакам да бидам на собири каде егото се напумпува.

Не можам да трпам манипулатори и опортунисти. Ме нервираат луѓе кои завидуваат и кои се обидуваат да ги дискредитираат способните, со цел да ги освојат нивните позиции, таленти и постигнувања.

Моето време е прекратко за да се расправам за наслови. Сакам содржина, длабочина, на мојата душа ѝ се брза.

Не останаа уште многу колачиња во кутијата.

Сакам да го поминам животот со човечни луѓе, многу човечни,  кои имаат вистинска човечност.  Луѓе кои знаат да се насмеат на сопствените грешки. Луѓе кои ја сфатиле својата предодреденост и не се кријат од своите должности. Оние кои го бранат човечкото достоинство и сакаат само да бидат на страната на вистината, правдата и праведноста. Тоа е она што го прави животот вреден за живеење.

Сакам да бидам опкружен со луѓе кои знаат како да го допрат срцето на другите луѓе. Со луѓе кои благодарејќи на тешките животни удари научиле како да пораснат и да ги зачуваат нежните допири на душата.

Да, ми се брза. Ми се брза да живеам со интензитетот кој може да го даде само зрелоста. Не сакам залудно да потрошам ниту едно колаче од оние кои ми преостанаа. Сигурен сум дека се послатки од оние кои веќе ги изедов.

10PC-Water-blue-lotus-seed-Hydroponic-flowers-small-water-lily-seeds-mini-lotus-seeds-bonsai-seeds

 

Мојата цел е да дојдам до крајот во мир со самиот себе, со моите блиски и мојата совест.

Имаме два животи, вториот живот почнува во моментот кога ќе сфатиш дека животот е еден.