Во книгата „Слобода и морално општество“, Дан Хејсман пишува за средба која се случила многу одамна а има исто толку голема важност како и денес.

Во Хајделберг во 1925 г., Германскиот филозоф Мартин Бубер го забележал следново. „Ја сакам слободата, но не верувам во неа“. Кога ова Бубер го искоментирал пред група учители, тој исто така ја нагласил и тенденцијата со која ние сите треба да ги погледнеме спротивностите на принудата и ограничувањата на слободата.

Мартин БуберТој, им посочил на учителите и со тоа им посочува и на оние кои поучуваат денес, дека дупликатот на принудата не е слобода туку заедничка врска, намерна желба на групата или индивидуата да се преземе одговорност и да се работи заеднички. Независноста е мост, тоа не е простор за задржување. Тоа е чекор пред скокањето, тоа е штимање на виолина…. Слободата е основа, таа е пат кон општеството

Нашата задача како учители е да им помогнеме на учениците да ја разберат единствената разлика меѓу „слободата од“ и „слободата за“.  Концептот е да се смени фокусот од идејата за слободата од принуди и правила која е неодговорност, во слободата за односот во заедницата.

Во општества во кои си оставен сам на себе, не си ограничен со очекувањата од слободата и од одбирањето на општествените одговорности. Таквиот однос кон слободата го деморализира општеството. Резултатот е отсуство на одговорност на возрасните и немање важен модел за однесување на младите.