ПОГЛЕДОТ ОД ПЛАНИНАТА

Егоцентризам е неспособност на некоја личност да го гледа светот од гледна точка на друга личност, туку само од своја гледна точка. Се карактеризира со прекумерна окупација со себеси и прекумерен однос кон сопствената важност и незаменливост. Работејќи со  деца кои живеат на планина, Пијаже и неговиот колега Инхелдер (1967) ја дизајнирале задачата „Три планини“ за да ја проценат свеста на децата како тие гледаат … Продолжи со читање ПОГЛЕДОТ ОД ПЛАНИНАТА

ДОМАШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Либерализмот во образованието неминовно го отвора и прашањето на домашното образование, иако историски гледано првиот систем на образование е всушност домашното образование. Ова прашање треба да се отвори во општеството и да се дебатира бидејќи е многу чувствително и секогаш треба да се внимава на интересите и правата на децата. Домашното образование постои во многу земји во светот и тоа е особено застапено во англосаксонската … Продолжи со читање ДОМАШНО ОБРАЗОВАНИЕ

„100 НАУЧНИЦИ ПРОТИВ АЈНШТАЈН“

„Тоа што посебно ме воодушевува кај Вашата уметност е тоа што е универзална. Вие не кажувате ниту збор а сепак цел свет ве разбира“, му рекол Ајнштајн на Чаплин. „Тоа навистина е така, но Вашата слава е уште поголема. Луѓето Ви се восхитуваат, а никој не ве разбира“ – му одговорил Чаплин. За време на Втората светска војна, во Германија била покрената голема научна кампања … Продолжи со читање „100 НАУЧНИЦИ ПРОТИВ АЈНШТАЈН“

Ја сакам Македонија

„Ја сакам Македонија“ е емисија во која Македонија е изложена низ хуманистички пристап, во кој се расправа за Македонија, за природата и потеклото, за убавината, за духовната моќ, за слободните луѓе… Продолжи со читање Ја сакам Македонија

12 СТОЛЕТИЈА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ СЕ ДУХОВНА И НАЦИОНАЛНА ТВРДИНА ПРЕД СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО НЕГИРААТ ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ, КУЛТУРАТА, ЦРКВАТА, ИСТОРИЈАТА И СÈ МАКЕДОНСКО

Македонците од Солун, Блажениот Кирил и Архиепископот Панонски Методија. Мисионери на христијанството, основоположници на словенската писменост и литература и заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Духовни амблеми на културниот универзум. Изумители на глаголицата. Прогласени за спиритуални патрони на целата Европа. Има ли поголем доказ дека Македонија никогаш не била периферија. „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее … Продолжи со читање 12 СТОЛЕТИЈА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ СЕ ДУХОВНА И НАЦИОНАЛНА ТВРДИНА ПРЕД СИТЕ ОНИЕ КОИ ГО НЕГИРААТ ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ, КУЛТУРАТА, ЦРКВАТА, ИСТОРИЈАТА И СÈ МАКЕДОНСКО

НЕМЕЗА, ДИНОСАУРУСИТЕ И МАКЕДОНИЈА

„Проблемот на најголемиот број луѓе не е толку во нивното незнаење, колку во она што тие мислат дека го знаат а во суштина не е точно.“ (Џош Билингс) Немеза, Немесис или Немесида   е ќерка на божицата на ноќта Никте и божицата на темнината Ереба, таа е божица на одмаздата и казнувањето по заслуга. Таа е персонификација на праведната борба, на борба против сè што го … Продолжи со читање НЕМЕЗА, ДИНОСАУРУСИТЕ И МАКЕДОНИЈА

„Ако видите високо убаво израснето стебло знајте дека…

„Ако видите високо, убаво израснето стебло, знајте дека тоа стои само затоа што на него не фрлиле око дрвосечачите“ (Кинеска поговорка) Citation Продолжи со читање „Ако видите високо убаво израснето стебло знајте дека…

„Вистинското разбирање не е настан меѓу двајцата кои…

„Вистинското разбирање не е настан меѓу двајцата кои зборуваат, слушаат, гледаат. Разбирањето е случка што се збиднува само кога оној што гледа и слепиот; оној што слуша и глувиот; оној што зборува, и немиот – ќе се решат да си ги допрат рацете. Пријателството, љубовта, човечкото разбирање, секогаш се допир на две раце од кои во секоја го има токму она што го нема во … Продолжи со читање „Вистинското разбирање не е настан меѓу двајцата кои…

ТРОЈЦАТА БРАЌА , ТАТКОТО И ТАТКОВИНАТА

…„ Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не на пропаст, затоа што пропаста е дефинитивна состојба и не на благосостојба, од која сте далеку, туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство. Па мечка во циркус научува да вози велосипед…После две ракии ви светнуваат очите и … Продолжи со читање ТРОЈЦАТА БРАЌА , ТАТКОТО И ТАТКОВИНАТА

„ЧЕ ГЕВАРА, ПАУЛО ФРЕИРЕ И ПЕДАГОГИЈА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (1928-1967) или доволно е само Че. Аргентинец со кубанска душа, кој го потрошил својот живот за светот да го направи подобар, поубав и поправеден. Со своите убедувања заминал и во смртта. Магазинот „Time“ го прогласил за една од 20-те најголеми и највлијателни луѓе. Прочуената фотографија на Че Гевара, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесеттиот … Продолжи со читање „ЧЕ ГЕВАРА, ПАУЛО ФРЕИРЕ И ПЕДАГОГИЈА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

ЗОШТО НА ЖИВОТОТ НЕ ТРЕБА ДА ГЛЕДАШ ОНАКА КАКО ШТО ТЕ УЧАТ?

„Сите ние сме во калта на животот само што некои гледаат во ѕвездите“ (Оскар Вајлд) „Запознав културен човек но беше тетовиран. Запознав примитивен човек во одело. Запознав религиозни ама расипани. Сретнав атеисти кои не се расипани. Видов многу сила во мали луѓе. А, многу слабости во големи луѓе. Многу мудрости во обичните. А многу глупости во угледните. Видов сиромаси како даваат, а богаташи како земаат,  … Продолжи со читање ЗОШТО НА ЖИВОТОТ НЕ ТРЕБА ДА ГЛЕДАШ ОНАКА КАКО ШТО ТЕ УЧАТ?

КОНЦЕПТОТ НА ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКИОТ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА

„За тинејџерите денес, изгледа природно и интересно да имаат француско-германски учебник по историја“, вели Муниер. „Но мојата баба е ужасната од тоа.“ Зошто Французите и Германците се првите кои иницирале проект за учебник по историја? Внимавајте добро на терминологијата, станува збор за француско-германски учебник по историја, а не – учебник за француско-германската историја. Зошто токму тие, а не Французите и Италијанците, Белгијанците и Холанѓаните, Шпанците … Продолжи со читање КОНЦЕПТОТ НА ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКИОТ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Гимназија на Сканија (Scania Academy).Curt Nicolin Gymnasiet,  – Finspang. Гимназија на СИМЕНС и 12 други компании Мисија: да образуваме креативни и иновативни млади луѓе кои долгорочно ќе ја зајакнуваат и развиваат Шведска како индустриска и технолошка нација. Образованието трае 3 години. Се школуваат 216 ученици, секоја година гимназијата запишува 72 ученика. Гимназијата развива т.н. дупли компетенции. Ученикот по завршување на 3-ти години може да работи во … Продолжи со читање ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПАРАДОКСОТ НА ИЗБОРОТ – „ОД КАДЕ ТОЛКУ НЕЗАДОВОЛСТВО КОГА ИМАМЕ ТОЛКУ ГОЛЕМ ИЗБОР НА МОЖНОСТИ?“

Францускиот историчар Алексис де Токвил во своето дело „За демократијата во САД“ зачудено ги набљудувал Американците под бремето на широкиот избор кој го имале: „Во САД ги видов најслободните и најобразовани луѓе; сепак ми се чини дека над нив секогаш има некој тежок црн облак, и би рекол, дека секогаш се загрижени, тажни, дури и во своите најголеми задоволства.“ Животот станува сè по сложен. Постои … Продолжи со читање ПАРАДОКСОТ НА ИЗБОРОТ – „ОД КАДЕ ТОЛКУ НЕЗАДОВОЛСТВО КОГА ИМАМЕ ТОЛКУ ГОЛЕМ ИЗБОР НА МОЖНОСТИ?“

НИТУ ЕДНА ГОЛЕМА РЕКА НЕ ТЕЧЕ ГОЛЕМА ОД ИЗВОРОТ

„Без личности кои творат и создаваат, кои самостојно мислат и судат, не може да се замисли повисок развој на општеството како и развој на личноста….Најважната вештина на еден учител е да ја буди радоста за творење и сознавање“ (Ајнштајн). Најважниот и најстариот принцип во историјата на педагогијата е принципот на активност (на вежбање). Тоа е најстариот принцип на поучување. Овој принцип е запишан и во … Продолжи со читање НИТУ ЕДНА ГОЛЕМА РЕКА НЕ ТЕЧЕ ГОЛЕМА ОД ИЗВОРОТ

КОЛКУ ЗАБИ ИМА КОЊОТ?

Во една интересна белешка на Френсис Бејкон од 1605 година, може да се прочита: „Во летото господово 1432 година на едно место се развила жестока дебата за тоа колку заби има коњот. Цели 13 дена „беснеела“ остра расправа без прекин. Сите стари книги, хроники, знаења и познавања биле искористени и при тоа можело да се забележи една прекрасна длабокоумна  ерудиција како никогаш порано на тоа … Продолжи со читање КОЛКУ ЗАБИ ИМА КОЊОТ?

ДА НАУЧИМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО

Имајќи ги предвид принципите на Делор за образование во 21 век – да научиме да учиме, да учиме да живееме и да учиме да живееме заедно – со поголема леснотија ќе ги реализираме заедничките планови и ќе се стремиме кон одржлив развој. Одржливиот развој значи ветување за подобрување на животот на сите луѓе врз основа на поинаков систем на вредности, кој ќе го потенцира духовното … Продолжи со читање ДА НАУЧИМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО

КРЕФ – ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ ФИЛМ

Училиштен фестивал КРЕФ, подржан од Министерството за просвета на Р.Србија, градот Лесковац, Министерството за култура. Фестивал кој е во мрежата на фестивалот за млади на Европа YCN. Nakon otvaranja (Vesela Vese Bogdanovik, Zoran Ilić ) • Promo film Art i Medije iz Beograda (za sve Krefovce) • Prof. d-r Kiril Barbareev sa Univerziteta “Goce Delčev”, Fakultet obrazovnih nauka • Nebojša Petrović , producent festivala Animania– … Продолжи со читање КРЕФ – ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ ФИЛМ

МИНИСТЕРОТ КОЈ СО ЕДЕН ПОТЕГ НАПРАВИЛ СУШТИНСКА РЕФОРМА

Првото и основно прашање на образованието е ШТО, односно што треба да се учи, што да учи младата генерација. Прашањето за ефикасноста (КАКО) се поставува многу подоцна. Анализата на наставните содржини може директно да покаже и утврди што општеството мисли за себе, за целите на образованието, односно за поединецот и заедницата. Основното прашање на кое мора да се одговори во програмата на училиштето е: кои … Продолжи со читање МИНИСТЕРОТ КОЈ СО ЕДЕН ПОТЕГ НАПРАВИЛ СУШТИНСКА РЕФОРМА

КОНТРОЛА, СЕЛЕКЦИЈА И МАНИПУЛАЦИЈА ЗА УМРТВУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО

Прогласен за највлијателен психолог на 20 век. Креатор на т.н. програмирана настава. Професор кој на своите предавања доаѓал заедно со своите гулаби, сакајќи да им покаже на своите студенти дека гулабите можат да прават колуг напред, да ги разликуваат сликите на Моне и Пикасо. Човек кој дури добил награда од 25 000 долари од Американската армија за идејата дека може да ги подготви гулабите да … Продолжи со читање КОНТРОЛА, СЕЛЕКЦИЈА И МАНИПУЛАЦИЈА ЗА УМРТВУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО