Редовен професор на Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Докторирал (2010) и магистрирал (2007) на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија во Скопје. Истражува и предава во областите методика и образование на наставници. Бил ангажиран во научни и експертски тимови од Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика и организации како УСАИД, УНИЦЕФ, Отворено општество Македонија, Чекор по чекор, МЦГО, и многу други.
Од 2019-2024 година е Национален координатор за мерење на развојот и раното учење кај децата. Автор е на два универзитетски учебника „Методика на наставата – од наука до уметност“ и „Методика по развој и култура на говорот“ и неколку прирачници за воспитувачи и одделенски наставници. Во 2013 во Германија добива медал за значаен придонес во ширењето на европските вредности. Во 2020 г., е ангажиран и предава на Педагошкиот факултет во Копер.
Учествува на научни, стручни и научно-практични конференции и конгреси. Подготвува практични активности и театарски претстави со студентите. Имал раководни функции како проректор за настава и развој на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Бил раководител на Спортски и културен центар на УГД, на Центар за маркетинг, Радио и ТВ при УГД, бил портпарол на Универзитетот.
Во периодот од 2005 до 2025 година остварува бројни успешни научноистражувачки студиски престои во странство во реномирани универзитети, каде што има одржано и предавања и бил активно вклучен во изведување на научноистражувачка работа, главно насочена на проучувања во областа на образованието на наставниците и методиката.
Неформално образование – спортувањето и уметноста се потреба на човекот. Тоа е човечка активност, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Ја разубавуваат душата на човекот, но ги развиваат и смелоста, трпението, упорноста, дисциплината, чувството за ритам и мерка.