ФАНТАЗИЈАТА Е ПОВАЖНА ОД ЗНАЕЊЕТО

„Фантазијата е сè. Таа е преглед на сето она интересно што доаѓа. Ајнштајн изјавил дека фантазијата е поважна и од знаењето! Вашата имагинација однапред ја одредува вашата иднина. „Вистинскиот знак за интелигенција не е знаењето, туку фантазијата“ Сите образовни системи имаат иста хиерархија на наставни предмети. Сите системи, каде било во светот. На врвот од хиерархијата секогаш се математиката и јазиците, а на дното е … Продолжи со читање ФАНТАЗИЈАТА Е ПОВАЖНА ОД ЗНАЕЊЕТО

ПРОФЕСИЈА СО ЗАГУБЕН ОПШТЕСТВЕН СТАТУС

Јапонците преку воспитно образовниот систем градат култ кон три за нив најважни нешта: култ кон семејството,  култ кон образованието и  култ кон работното место. Од крајот на минатиот век и почетокот на овој век се случија многу промени во системот на образование на наставници во нашата земја. Но, реално може да се констатира дека пристапот секогаш бил парцијален, секогаш се базирал на одредени решенија кои … Продолжи со читање ПРОФЕСИЈА СО ЗАГУБЕН ОПШТЕСТВЕН СТАТУС

„ДОКОЛКУ ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ УСПЕЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДИ, РОДИТЕЛИТЕ СО ПОЛНО ПРАВО ЌЕ ЈА ЗАГУБАТ ДОВЕРБАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ЌЕ СЕ СВРТАТ НА ДРУГИ АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ“

Денес скоро и да не постои држава или култура, која не е барем малку или исклучително незадоволна од квалитетот на својот образовен систем. Еден значаен проект кој имал за цел да развие модел за образованието во 21 век е проектот на ОЕЦД  „Образование за иднината“ (Schooling for tomorrow, http://www.oecd.org/home). Експертите започнале програма која има за цел градење на рамка и алатки за алтернативно и стратешко … Продолжи со читање „ДОКОЛКУ ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ УСПЕЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДИ, РОДИТЕЛИТЕ СО ПОЛНО ПРАВО ЌЕ ЈА ЗАГУБАТ ДОВЕРБАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ЌЕ СЕ СВРТАТ НА ДРУГИ АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ“

Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?

Духовни амблеми на културниот универзум. Изумители на глаголицата. Светци со титулата Еднакви со Апостолите. Прогласени за спиритуални патрони на целата Европа. Задачата  им беше најтешка: слепите да прогледаат, глувите да го чујат зборот на книгата и сите да проговорат на различни јазици. „Имајќи ги пред нас ликот и делата на Светите Браќа Кирил и Методиј, што треба да сториме и ние за да ги разбереме … Продолжи со читање Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?

НАЦИЈА ВО ОПАСНОСТ (A NATION AT RISK)

„…Образовните основи на нашето општество се наоѓаат во состојба на ерозија поради растечкиот бран на просечност што се заканува на нашата иднина и како нација и како луѓе…“ Теренс Бел (Terrence Bell) државниот секретар за образование во времето на Реган основал Национална комисија за постигнувања во образованието (National Commission on Excellence in Education), која во својот извештај од 1983 год., за само неколку недели поттикнува … Продолжи со читање НАЦИЈА ВО ОПАСНОСТ (A NATION AT RISK)

ДЕЦА СО ЗБРЧКАНИ ЛИЦА

„Возрасните така си го организирале својот живот што децата немаат свое место во општеството“ (Марија Монтесори) КАНДИД – РОМАНОТ ПОРАДИ КОЈ „ВЛАСТИТЕ БЕСНЕЕЛЕ, А ЧИТАТЕЛИТЕ ЛУДУВАЛЕ“ Волтер, учителот на просветителското движење, познат по остроумноста, брзината на досетливост, саркастичност и духовитост, за кои ќе мора да плати и со прогонство од својата татковина, напишал еден роман поради која „властите беснееле, а читателите лудувале“. Кој уште е … Продолжи со читање ДЕЦА СО ЗБРЧКАНИ ЛИЦА

УЧИЛИШТЕТО Е ОГЛЕДАЛО НА ОПШТЕСТВОТО

Имануел Кант (1724-1804) „ЧОВЕКОТ Е САМО ОНА ШТО ОД НЕГО ЌЕ НАПРАВИ ВОСПИТАНИЕТО“ Малку е познато дека Имануел Кант по наредба на министерот држел предавања од педагогија на Универзитетот во Кенигсберг. Првите предавања ги одржал во зимскиот семестар 1776/77 на теми од практичната педагогија (умешноста на воспитанието), потоа во летниот семестар 1780, 1783/84 и 1786/87. Текстот „Имануел Кант за педагогијата“ (Immanuel Kant über Pädagogik”), најпрвин … Продолжи со читање УЧИЛИШТЕТО Е ОГЛЕДАЛО НА ОПШТЕСТВОТО

ПЕДАГОГИЈАТА НА ТОЛСТОЈ – ИНСПИРАЦИЈА НА МАХАТМА ГАНДИ

ЛАВ НИКОЛАЈЕВИЌ ТОЛСТОЈ (1828-1910) „НЕСПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА ЗЛОТО СО НАСИЛСТВО И ПОСТОЈАНО ПРОСТУВАЊЕ, ЉУБОВ, САМОУСОВРШУВАЊЕ“, се темелите на кои почива педагогијата на Толстој. Книжевник, мислител, педагог, кој целокупната книжевна и педагошка работа ја посветил на разобличување на тешката општествена состојба во Русија. Тој постојано укажува на тоа дека проблемите можат да се решат само по мирен пат и со просветителска дејност. Толстој во 1859 г., отвора … Продолжи со читање ПЕДАГОГИЈАТА НА ТОЛСТОЈ – ИНСПИРАЦИЈА НА МАХАТМА ГАНДИ

ДЕЦАТА СЕ УЧИТЕЛИТЕ НА СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Кризата се развива и ни покажува силна потреба од оваа професија. Учителот е современиот спасител! Станува збор за престиж во педагошката работа. Денес професијата на учителите не е многу популарна. Денес не постои поважен човек од учителот, но тоа мора да биде човек кој ја разбира сегашната и идната состојба на човештвото до којашто треба да стигнеме за да опстанеме. Ги доверуваме нашите деца, највредното … Продолжи со читање ДЕЦАТА СЕ УЧИТЕЛИТЕ НА СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

НАЈВАЖНАТА ЗАДАЧА НА ОБРАЗОВАНИЕТО Е СКРОМНОСТ И ИСКРЕНОСТ

„Не може да се живее достојно, ако не се живее доблесно, честито и праведно…“ Ставот на Сенека Луције Анеј дека „Само она воспитување е добро, кое го учи човекот на скромност и искреност“, најдобро зборува за суштината на воспитанието и образованието. Роден во Шпанија, образуван и воспитуван во Италија, бил и конзул, но и учител и воспитувач на царот Нерон, сериозно го критикува формалниот образовен … Продолжи со читање НАЈВАЖНАТА ЗАДАЧА НА ОБРАЗОВАНИЕТО Е СКРОМНОСТ И ИСКРЕНОСТ

ПЕДАГОГИЈА ЗА УБАВОТО, ДОБРОТО И ВИСОКИОТ МОРАЛ

„Човечкиот живот во сите свои манифестации бара хармонија и ритам“ (Платон) Платон во воспитувањето гледа силна функција која треба да го зајакне квалитетот на државата, затоа тој во своите дела Држава и Закони го изнесува својот педагошки систем. За педагогијата делото Држава е од исклучително значење, бидејќи во тоа дело се изнесени најинтересните мисли за воспитанието во целата античка епоха. Според Платон замислената „идеална држава“ … Продолжи со читање ПЕДАГОГИЈА ЗА УБАВОТО, ДОБРОТО И ВИСОКИОТ МОРАЛ

ПРОМЕНЕТЕ ГО КОНЦЕПТОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ – „ПИСА ВО ШОК“

Повеќе од 80 универзитетски професори од врвни универзитети во светот му се обратија на директорот на Програмата за интернационално вреднување на учениците (PISA), тие објаснуваат зошто оценувањето му штети на образованието? „Ние сме загрижени од негативните последици на PISA рангирањето: ова се некои од нашите заклучоци“: Стандардизираниот тест се користи во многу земји со децении (и покрај сериозната резервираност за неговата важност и сигурност), ПИСА … Продолжи со читање ПРОМЕНЕТЕ ГО КОНЦЕПТОТ НА ОЦЕНУВАЊЕ – „ПИСА ВО ШОК“