Возрасните така си го организирале својот живот што децата немаат свое место во општеството“ (Марија Монтесори)

КАНДИД – РОМАНОТ ПОРАДИ КОЈ „ВЛАСТИТЕ БЕСНЕЕЛЕ, А ЧИТАТЕЛИТЕ ЛУДУВАЛЕ

Волтер, учителот на просветителското движење, познат по остроумноста, брзината на досетливост, саркастичност и духовитост, за кои ќе мора да плати и со прогонство од својата татковина, напишал еден роман поради која „властите беснееле, а читателите лудувале“.

Кој уште е Кандид!?

Кандид (непорочност, скромност, наивност, чесност) (француски: Candide, ou l’Optimisme). И бидејќи самото име во превод, означува искрен, невин, наивен, простодушен човек, односно особини што ги содржи карактерот на детето, пред да почнат во него да се мешаат и да го расипуваат особините на подоцнежната возраст.

Детето вечно живее во човекот, независно што околината и возраста непрестајно му ги наметнуваат своите искуства и својата логика, најчесто и својата волја. Затоа за позицијата на чистата и невина душа сите случувања изгледаат поинакви, предимензионирани, зачудувачки.

Само работата го спасува човекот од пороци и беда

Според Марија Монтесори, во детето постојат два вродени нагони: нагонот за активност и нагонот за сознавање. Оттука, улогата на учителот е внимателно да ги набљудува и да создава поволни услови за детското самовоспитување.

Марија Монтесори (1870-1952) познат италијански педагог и доктор, ја критикува организацијата на училиштето, наставата и воспитувањето, истакнувајќи дека возрасните така си го организирале својот живот што децата немаат свое место во општеството. За физичкиот и психичкиот развој на детето треба да му се овозможи што е можно повеќе спонтано да ги реализира своите вродени способности.

„Училишната дисциплина треба да се темели на детската слобода, која е заснована на спонтаните занимања“.

„Децата самите нека ги избираат занимањата и активностите, самите нека си го одредуваат темпото на работа“.

Почитувањето на детето според Монтесори е еден од најважните педагошки принципи. Размислувањето за детето – тоа е оној важен елемент на Монтесори – педагогијата која до денес не ја загубила својата актуелност и има своја научна оправданост во тоа што секое живо суштество има свој сопствен генетски програм.

Улогата на воспитувачот е голема. Воспитувачот треба да го набљудува детето и кога работи и кога се брза, и кога се повлекува во себе и кога зборува и кога молчи. Воспитувачот мора да поседува морални компоненти кои од него не ги бара ниту една метода, а кои се состојат од мир, трпение и милосрдие. Најдобра претпоставка за тоа не се зборовите туку доблестите.

Монтесори педагогот пред се мора да ги сака децата. Трпението, разбирањето, природниот авторитет, духовитоста, фантазијата како и почитувањето на детето се особини кои воспитувачот мора да ги има.

candid