„…Образовните основи на нашето општество се наоѓаат во состојба на ерозија поради растечкиот бран на просечност што се заканува на нашата иднина и како нација и како луѓе…“

Теренс Бел (Terrence Bell) државниот секретар за образование во времето на Реган основал Национална комисија за постигнувања во образованието (National Commission on Excellence in Education), која во својот извештај од 1983 год., за само неколку недели поттикнува широк бран на реформа во сите 50 држави. Што содржи извештајот:

„Нашата нација е во опасност…Ако некоја непријателска странска сила се обидеше да и ја наметне на Америка просечноста во воспитно-образовната работа што постои денес, ние тоа ќе го сфативме како чин на војна…Во суштина, ние извршивме чин на непромислено, еднострано образовно разоружување“.

englishwritinginspirations

“Најголемиот дел од нашите социјални и економски проблеми во оваа земја произлегуваат од недостаток на образование. Долгорочно гледано, образованието е единственото решение што го имаме“

„Американското школство се обвинува дека создава медиокритети кои не поседуваат доволно знаења, немаат развиени способности…..Ваквата состојба се должи на поставеноста на образовниот систем“

Националната комисија всушност сакала да укаже дека лошата состојба во американските основни и средни училишта ја доведува нацијата во опасност: „...Образовните основи на нашето општество се наоѓаат во состојба на ерозија поради растечкиот бран на просечност што се заканува на нашата иднина и како нација и како луѓе

Џон Дјуи смета дека воспитувањето не е подредено на ниедна друга цел, освен на самото себе. Целта на воспитувањето не е само да се создадат родители, или граѓани, или работници, или, пак, да се престигнат Русите или Јапонците, туку во крајна линија, да се формираат човечки суштества кои ќе го живеат животот во потполност, кои постојано ќе го збогатуваат квалитетот и значењето на сопственото искуство, и кои заедно со другите луѓе активно ќе учествуваат во градењето на едно добро општество…

A_Nation_at_Risk

(Од книгата ПРАГМАТИСТИЧКАТА ПЕДАГОГИЈА И ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, Сузана Миовска-Спасева, 2005)