Постои еден експеримент во психологијата кој е изведен за научни цели и кој се состои во тоа што на доброволци им е дадено да даваат електрошокови на други луѓе. Им било објаснето дека тоа ќе бидат мали струјни удари кои нема да предизвикаат никакви проблеми и дека со експериментот се мерат некои физиолошки параметри.
Доброволецот го притиска копчето од силно кон посилно, а на постелата лежат глумци кои ги глумеле реакциите (испитаниците не знаеле дека станува збор за глумци): глумците реагирале од обична нелагодност до силни извици и викања дека чувствуваат силни болки. Експериментаторот намерно им сугерирал на доброволците авторитативно и сугестивно: „одете на уште посилен степен, посилно, посилно, уште посилно, најсилно!“ И така се давани се посилни и посилни струјни удари. Доброволците слушале се поболни и поболни крици од жртвите. Извици до смрт!
И што се видело од тој експеримент? На најголемиот број испитаници им било непријатно кога ги слушале извиците од другата страна, но на барање на екпериментаторот (кој повторувал, ова е многу важно за науката!) тие продолжувале, конформирајќи се….Само една жена веднаш кажала одлучно: „Ова е нехумано, јас не можам понатаму!“
Kоличината на УМ отсекогаш е константа, се заголемува само бројот на луѓе!