Ако изберете сто деца од градинка кои врз основа на тест за интелигенција биле прогласени за „надарени“, веќе во трето одделение само 27 од нив и понатаму ја заслужуваат таа категорија. И Вие сигурно ќе згрешите односно погрешно ќе отфрлите 73 деца кои го заслужуваат истото.
Проблемот не е во тоа кој тест ќе се користи, или што е тоа што всушност тестот испитува. Проблемот е во тоа што мозокот кај малите деца едноставно не престанува да се развива.
Со децении тестовите за интелигенција ги следат контроверзии. Чудото од дете е ретка појава, тоа е феномен кој отприлика се појавува во половина милион жители. Тоа што некои училишта квалификуваат надарени, талентирани, даровити, покажува дека детето е умно, но не и исклучително. Половина дипломирани студенти на колеџите во САД имаат коефициент на интелигенција 120 или повеќе.
Професорот Hoi Suen во 2003 г., објавил мета-анализа од 44 истражувања, и секое од нив се занимава со прашањето – колку тестовите работени во детските градинки или пред поаѓање во градинка ги предвидуваат резултатите за само две години подоцна. Професорот открил дека резултатите од тестовите за интелигенција кај децата пред да тргнат во училиште имаат само 0,40% врска со подоцнежните резултати на тестовите за успех.
Еден тим научници на Универзитетот Северна Каролина, ги анализирале тригодишните резултати на приватните училишта со децата од високата средна класа. Училиштето барало од сите деца пред почетокот да поминат стандардизиран тест WPPSI пред да бидат примени во градинка. Тие деца биле идентификувани како паметни деца – просечниот коефициент на интелигенција бил 116. Во трето одделени просекот на истата група бил 90%.
„Идентификацијата на многу паметни деца во градинката или првото одделение е тврдење кое стои на тенок мраз“ (Рок). Мерењето на интелигенцијата воопшто не е прецизно.
Без разлика на тоа што се тестира, или кој тест се користи, сите тестови имаат нешто заедничко во предвидувањето на училишниот успех. Сите се убедливо неуспешни фактори во предвидувањата на успехот на малото дете.