Како електронските медиуми влијаат на воспитувањето ?
Зошто е невозможно да слушнеме и видиме на ТВ вест за тоа колку навистина медиумите влијаат врз однесувањето на децата. Дали има поврзаност со проблематичното однесување? Дали е поврзано со развојот на мозокот? Дали и како влијае на социјализацијата? … Тешко се појавуваат такви информации. Но, затоа секој ден ќе слушнеме и гледаме за семејствата Бекам, Кардашијан… Иако многумина од нас стекнуваат впечаток дека ефектите од електронските медиуми на децата во голема мера се уште не се разјаснети и дека се мали, тоа е само поради впечатокот кои го добиваме единствено од ТВ и интернет, од кои сите се финансиски зависни. Но, ако влијанието е мало и се уште неразјаснето тогаш зошто рекламната индустрија е толку голема во светот на децата?
Истражувањето кое го спровело Детското друштво (“Television and DVD/Video Viewing in Children Younger Than Two Years”, Zimmerman, F.J) дошло до податоци дека денес ТВ ја презема улогата на родителите, одземајќи од „пет до десет пати повеќе време отколку што родителите активно го поминуваат со своите деца“.
Во 2008 г., објавени се две значајни медицински истражувања од стручњаци во институции од највисок ранг, кои сосема јасно тврдат дека телевизијата директно е поврзана со медицинските проблеми и проблематичното однесување на децата. Но, за тоа никогаш нема да се слушне или напише во медиумите.
Асоцијацијата на психолози на САД во Вашингтон, изнесе податоци дека децата кои играат насилни видео-игри многу често доаѓаат во судир со личности со авторитет.
Забавата на ТВ екрани се повеќе се поврзува со неприфатливото однесување и ставовите на децата, почнувајќи од насилството во училиштето, саркастичното однесување, срамежливоста, па се до инсистирање на своите права и барања за моментално задоволување на потребите и најгрозното – убиства. Освен екстремните примери на копирано однесување, насилството во видео игрите директно и секојдневно влијаат на децата и на односите со родителите и наставниците.
Иако многумина од нас стекнуваат впечаток дека ефектите од електронските визуелни медиуми на децата во голема мера се уште не се разјаснети и дека се мали, тоа е само поради тоа што информациите ги добиваме од ТВ и интернет, од кои сите се финансиски зависни. Но, ако влијанието е мало и се уште неразјаснето тогаш зошто рекламната индустрија е толку голема во светот на децата.
Но, како стојат фактите од истражувањата:
Гледање вести на ТВ предизвикува трајни негативни психолошки чувства: изразена анксиозност, целосно нарушување на расположението.
Просечен шестогодишен Британец или Американец веќе една година од животот ја поминал гледајќи ТВ програми. Децата 55% од своето будно време (околу 7.5 часа) го поминуваат пред екран. Во текот на своето детство, децата поминуваат повеќе време гледајќи ТВ отколку што престојуваат во училиште. Повеќе од половината тригодишни деца денес имаат ТВ во својата соба, свој личен лаптоп имаат 25% од британските петогодишници.
Во основата на ова влијание е ерозија на способностите на децата да ги контролираат своите нагони. Тоа се случува бидејќи визуелните медиуми го заменуваат виталното време за социјален и емоционален развој. Ова е многу софистициран ефект. Всушност, разгаленото однесување се опишува и како невролошки феномен –промена во развојот на мозокот на децата. Се смета дека гледањето ТВ го гуши ангажирањето на најразвиениот дел на мозокот – предниот дел. Тоа е системот за извршна контрола на мозокот, одговорен за планирање, организирање и одредување на редослед на однесување за самоконтрола, морално расудување и внимание.
ТВ е како хипноза, ја редуцира нашата способност критички да анализираме она што ни се кажува и што го гледаме. На пример, собирањето едноцифрени броеви го ангажира целиот мозок, делови од левата и десна страна од предниот дел на мозокот. Со гледањето ТВ тоа не се случува, ТВ помалку го ангажира мозокот од проста задача која не бара многу напор за мозокот. Замислете колку напор му е потребен на мозокот како што е социјална интеракција со врсниците, а тоа е животот.
Децата често го прават она кое не треба да го прават од едноставна причина што нивниот преден дел на мозокот не е доволно развиен. Една студија објавена од Светската невролошка федерација изразува сериозна загриженост заради големото влијание на визуелните електронски медиуми врз децата кои всушност го „успоруваат процесот на развој на предниот дел и што влијаат на нивната способност да ги контролираат потенцијално антисоцијалните елементи во однесувањето…Импликациите од ова се многу сериозни“.
George Gerber професор по комуникација кој го посветил животот истражувајќи го влијанието на ТВ, го дал следниот коментар: „За прв пат во историјата на човештвото најголемиот број бајки кои децата ги слушаат, не доаѓаат од устата на родителите, не им се раскажуваат во живо, туку им ги кажуваат некои корпорации кои имаат нешто да продадат. Овој случај без преседан има несогледливи последици на начинот на нашата социјализација…“