„Учење на асертивно однесување – Емоционалната интелигенција и стресот во изборот на однесувањето“ е тема на предавањето кое во среда, 7 декември 2016 година, се одржа во свечената сала на Правниот факултет на УГД.
Организатор на настанот е Факултетот за образовни науки на УГД, заедно со Art of living, а предавачи беа проф. Методи Чепреганов и Теодора Костовска од Art of living.
Предавањето беше отворено за студентите и за јавноста.