Против тезите за вродени способности, пишува и зборува британскиот филозоф Џон Лок кој во 17-ти век стана познат со изјавата дека нашите животи се обликувани главно од факторите и околностите на средината. Во неговиот есеј „за човековото разбирање“(Essay Concerning Human Understanding), Лок тврди дека умот на детето треба да се гледа како  табула раса (tabula rasa) или празна табла, на која може да се пишува само заради искуството.  Лок сфатил дека постојат некои вродени разлики меѓу луѓето (на пример: луѓето може да имаат различни темпераменти), но сепак тој силно ja нагласува улогата на животната средина врз развојот на човекот.

%d1%9f%d0%be%d0%bd-%d0%bb%d0%be%d0%baЛок смета дека раното учење  е од исклучително значење, и тој пишува опширно за образованието (Лок, 1693/1964). Природата на раното учење има силно влијание, кога умот на детето се уште не е „декориран“, и затоа Лок верува дека раното учење влијае на умот и животот на човекот. Џон Лок бил особено заинтересиран и верувал во ефектите на процесот на учење преку асоцијации и здружување. На пример, тој вели: ако искуството на детето со одредена локација е поврзано со лошо искуство (казна), детето ќе научи да го избегнува тоа место. Оттука,  Лок  всушност антиципира и зборува за некои важни идеи кои ќе бидат изнесени стотици години подоцна од страна на одредени теоретичари на 20 век.

Лок исто така бил заинтригиран од улогата на наградите и казните во учењето. Тој тврди дека родителите треба да бидат внимателни кон своите деца, кога го наградуваат посакуваното однесување. Тој се противи на физичкото казнување, бидејќи верува дека тоа создава непожелна асоцијација и на тој начин е неефикасно на долг рок. Исто така, нè сите награди треба да се третираат еднакво, вели Лок. Наградувањето на децата со бонбони или друга храна само им овозможува децата да се занесат и да го развиваат чувството за неразумни желби. Според Лок многу подобро е кога родителите би употребувале пофалби и ласкања.

Децата се чувствителни на одобрувањето на нивните родители, и родителска пофалба или одобрувањето е многу позначајна за нив отколку кои било материјални награди (Лок, 1693/1964). Лок пропишува различни начини на кои родителите треба да ги учат децата со цел да станат доблесни возрасни луѓе.