Жан-Жак Русо и вродената добрина на децата

За разлика од  Џон Лок и неговата позната слика за умот на детето како празна табла, во 18-ти век францускиот филозоф Русо зборува за тоа дека децата растат според природен план, што им овозможува да  развијат различни капацитети на различни возрасти. Тој ги обвинува „дури и најмудрите писатели” да посветат внимание само на „што човек треба да знае, без да се прашаат себеси за она што детето е способно да научи” (Русо, 1762/1979, стр.1). Наместо да брзаме да ги учиме младите на нашиот начин на размислување, Русо тврди дека ние треба да им дозволиме на децата да ги развијат своите природни сили. Детството, „има свои начини на гледање, размислување, и чувствување” (p.54).

childhood-dreams-5-feeding-time-john-edwardsРусо исцртува и зборува за четири фази на човековиот развој. Тој препознава инфантилен период (од раѓање до 2 години), детство (од 2-12 години), доцно детство (од 12 до 15 години), и адолесценција (од почеток на 15 години) како одделни фази, кои тој ги видел како одгласи на фазите на еволуцијата на човекот. Во текот на првите три фази, Русо ги опишува децата како предсоцијални (presocial) – со други зборови, загрижени главно само за она што тие го сакаат и/или им треба, без многу интерес за општествените односи. Според гледиштето на Русо, во адолесценцијата реално започнува општествениот живот (Русо, 1762/1979).

Ставовите на Русо за растењето и човековиот развој има специфичен пристап и тој се темели дека детето треба да биде во центарот на вниманието. Секоја фаза на развој има „совршенство, зрелост, на свој начин,” Русо се залага за пристап во кои сопствените интереси на детето да бидат и да се третираат во центарот на вниманието. На пример, Русо сугерира дека, откако ќе се отстранат штетните предмети од околината, возрасните треба да им дозволуваат на децата да истражуваат во активностите и предметите на свој сопствен начин и како што тие сакаат. Наместо  да поставуваат прашања и да бараат точни одговори, треба да ги охрабруваат децата и да ја следат нивната љубопитност, учење и решавање на проблемите. На овој начин, Русо тврди, децата ќе научат да размислуваат за себе.