ПЕДАГОШКИ ПЛУРАЛИЗАМ ИЛИ ПЕДАГОШКО ЕДНОУМИЕ?

Образованието на учителите е клучно прашање на секоја земја. Квалитетот на воспитно образовниот кадар и квалитетот во образованието директно влијае на нивото на образовните достигнувања на секоја индивидуа. Прашањето за квалитетот на образованието на кадарот е постојано присутно во јавноста.

Имаме ли премногу наставници или имаме премалку квалитетни наставници? На ова прашање мораме да одговориме и со тоа треба да се соочиме.

Време е, и конечно имаме должност да почнеме со промените во пристапот на образованието на учителите, а со тоа и на училиштата. Нашите студенти – идни учители стекнуваат знаења и наставни вештини за работа во училиштата во кои доминираат наставни и дидактички модели за кои многу добро знаеме дека се одамна надминати и застарени. Во многу европски земји почнуваат да работат со т.н. модел-училишта или експериментални училишта кои се во составот на универзитетите, а во кои се експериментира со новите методи или се воведуваат највредните елементи на познатите и признати алтернативни училишта.

Во членот 28 од Општата декларација за правата на човекот, стои дека: „Родителите имаат право првенствено во изборот на видот на образованието на своите деца“. Оттука, ако си го поставиме прашањето: Како оваа одредба се толкува и сфаќа кај нас? Каков избор имаат родителите од модели и концепти на училишта и учители? Тогаш ќе констатираме дека повеќе од 60 години ние всушност мораме да одиме во истото училиште, да учиме според истите наставни планови и програми, да не воспитуваат и образуваат истите модели на учители, со истите методи и техники, на истиот начин, во истиот простор, од истите учебници, да немаме право на избор на алтернативни педагошки концепции и модели, дури и училиштето во кое мораме да учиме се одредува со одредба во која „детето мора да се запише во училиштето според соодветното место на живеење“. Училиштата и тогаш и денес работат во две смени. Истата училница ја користат две одделенија. И за жал и денес тоа се уште продолжува и трае, упорно и упорно.

Најголемиот број родители училиштето го сфаќаат како место во кое треба да ги остават децата додека се со работните обврски. Училиштето се грижи за децата и нивното воспитание според принципите на сеуште доминантното педагошко едноумие – еден концепт на училиште. Оние родители кои не се задоволни од таквиот систем на образование и воспитание бараат начини да ги „пополнат празнините“ кај своите деца со образование надвор од редовниот систем, и често децата посетуваат други неформални училишта, приватни часови за учење на уметнички, јазички и спортски вештини, или тоа го прават самите родители во семејната заедница. Така децата се изложени на дуализам во воспитанието и образованието: она што го прави државното училиште и она што го организираат родителите по нивна желба.

Во еден динамичен процес на новите медиуми, во систем во кој младите  го развиваат чувството за пикосекунди и нанопростор (комјутерите работат со тие брзини), за децата веќе е неприфатлива наставата која се реализира во класичен училишен простор (училница) и традиционалното училишно време. Тој простор е веќе неподнослив за нив, а времето неиздрижливо и бавно.  Во ваков систем на образование на младите генерации не може да се снајде и учителот.

Во многу земји во светот постои долга традиција на педагошки и училишен плурализам кој е граден и развиван повеќе од стотина години. Потребен е педагошки плурализам како можност од различни модели на детски градинки и  училишта, бидејќи во воспитувањето на децата „утре“ не постои. Децата се воспитуваат денес, децата утре се возрасни луѓе на кои родителите и образованието  веќе не им се потребни за воспитание.

Во светот не постои најдобро училиште. Постојат само различни модели на училишта.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: