Начинот на кои семејството ги воспитува своите деца е длабоко поврзан со психичките структури и типот на личноста на детето. Еден од начините на кој настанува идентитетот кај децата е примерот од родителите, семејството. Многу денешни родители од (не)знаење влијаат на своите деца да израснат во несоцијализирани личности, да немаат работни навики, да немаат ред и дисциплина, формираат лош менталитет.

Живееме во време кога улогите во семејството се распаднати. Патријархалното воспитание  но и патријархалната структура на општеството кое траеше 1000 години исчезна. Таквото општество не дозволуваше проблемите кои ги имаше да испливаат на површина, се криеја проблемите. Се мислеше дека нешто ако не се гледа и не постои. А имаше многу проблеми. Сега е сè на површина.  Отуѓеноста, мрзливоста, емоционални, физички и ментални болести, брзи распади на бракови, истополови бракови, посинување деца ….многу предизвици.

Школата за родители, но и факултетите од општествените и хуманистички науки каде постојат предметните програми од семејна педагогија треба да влијаат во развивањето и подигањето на родителските вештини. Како родителите да бидат уште подобри во воспитувањето. Како да воспоставуваат квалитетен однос со децата, како да се реагира во специфични околности во одредена возраст на детето, како да се користи дома компјутерот и ТВ,…како да го критикуваат детето, како да го казнат, како да го наградат, а при тоа да не се развиваат покорни, фрустрирани, агресивни, исплашени деца…кои се новите улоги на родителите кои ги наметнува 21 век и многу други прашања.

Едноставно целта на школата би требало да биде  како да се создава здрава личност. Затоа е потребна школа за родители.

Генерациите од 1980 година се генерации кои влегоа во т.н. зона на квалитетен живот, наспрема нивните родители кои живееја во зоната на преживување. Оттука, денешните родители применуваа т.н. пермисивно односно попустливо воспитание, така се создаваат разгалени генерации заради не информираност на родителите колку е тоа погрешно кога ќе пораснат децата