Јан Амос Коменски наречен „учител на народот“, роден како Janos Szeges на 28 март 1592 г., во Чешка, најверојатно во селото Комни од каде што и доаѓа неговото латинско име Ioannes Amos Comenius, што преведено значи Иван Амос Коменчанин, напишал многу трудови за воспитанието и образованието. Коменски ги објавил и првите сликовници за деца, ги напишал пансофиските принципи за образованието кои му ја носат најголемата слава, тие принципи ги нарекол Didactica мagna или Голема дидактика.

Неговото врвно дело Didactica magna истражува како луѓето учат и како можат да бидат поучувани од најраните години па сè до универзитет и понатаму. Во неговата книга е опишан еден сериозен воспитно-образовен систем.

Spiritual-ChildСпоред Коменски треба да постојат четири нивоа на воспитно-образовни потсистеми, кои всушност се идентични со денешните: 1. Мајчино крило (предучилишно) (пролет), 2. Мајчин јазик или јавно училиште, (основно) (лето) , 3. Латинска школа или гимназија, (средно) (есен) и 4. Академија или патување, (факултет) (зима). Ова е според природниот концепт на возраста и развојот на човекот.

Мајсторите-занаетчии им одредуваат на своите ученици одредено време за кое треба да го изучат занаетот (две години, три години итн., па се до седум години, во зависност од природата и обемот на занаетот), па кога некој ќе изучи сè што е од занаетот, тогаш тој од ученик на занаетот станува помошник, а наскоро и мајстор. Оттука, Коменски смета дека по истиот принцип треба да биде и во образованието т.е. вештините, науките, јазиците треба да се изучуваат во одредено време.  Времето го одредила самата природа, и тоа треба да бидат периоди на 6 години.

Вештината на воспитувањето на моралноста содржи шеснаесет правила. Првото од нив гласи:

  1. „Во душата на младите треба да се всадат сите доблести, без исклучок. Особено оние најглавни доблести: мудроста, умереноста, храброста и праведноста“.

Малку луѓе од образованието излегуваат со темелно образование, најголем дел се со површно знаење што е потврдено со фактот: „…Се занемарува најмногу она кое треба да се всади во срцето на човекот: моралот и побожноста

„Доблестите се учат ако постојано работиме чесно…“

„Искрена простодушност се стекнува со дружење со честити луѓе…“

„Праведноста се учи ако никој не се навредува и ако секој го добива своето, ако се тргаат од лагата и измамата, ако се услужни и љубезни….“

За шестгодишното изучување на различните науки треба да има шест периоди, почнувајќи од најмалиот:

1 одделение – ГРАМАТИКА

2 одделение – ФИЗИКА

3 одделение – МАТЕМАТИКА

4 одделение – ЕТИКА

5 одделение – ДИЈАЛЕКТИКА

6 одделение – РЕТОРИКА