432 Hz е чуден број. Некои сметаат дека е тоа природната фреквенција на универзумот и затоа е привлечна за секој слушател. Се тврди дека е тоа фреквенција која резонира со човековото срце, ја обновува ДНК, го подобрува духовното и ментално здравје. Дури постојат и такви тврдења дека музиката создадена на 432Hz ја стимулира десната хемисфера на мозокот, делот одговорен за најпосакуваните човечки особини: развој на фантазијата, изострени сетила, толкување на симболи, поимање на апстрактните поими итн.
Но, денес доминира 440 Hz, откако Министерот за пропаганда, Џозеф Гебелс, се заложил за стандардизација на овој број во музиката и навистина така се случило. Леонард Хорович во својот труд со наслов „Култ за контрола на музиката“, напишал: „Музичката индустрија ја изведува и реализира оваа фреквенција која кај популацијата создава поголема агресија, психо-социјална агитација и емоционален стрес…“
„Тие не маршираат затоа што се заедно, туку се заедно затоа што маршираат“