КАКО СЕ СОЗДАВААТ КВАЛИТЕТНИ ОБРАЗОВНИ СИСТЕМИ И ЗОШТО Е ТОА ТОЛКУ ТЕШКО ВО МАКЕДОНИЈА?

Една од причините зошто се заглавуваме во образованието е тоа што нашето размислување е врамено со многу митови. Така ја започнува својата нова книга, авторот Андреас Шлејхер – иницијаторот на ПИСА и експерт за образовна политика, кој се обидува да даде своја перспектива за образовните реформи. Во својата книгаСветски клас: Како да се изгради образовниот систем во 21-от век“, зборува за некои од најчестите митови.

Оваа книга  е напишана кога авторот видел и се уверил како деца од најсиромашните населби во Шангај учат од најдобрите наставници во Шангај, и како тие деца постигнуваат многу подобри резултати од децата во многу земји кои се побогати и поорганизирани. Тогаш сфатил дека универзалното, висококвалитетно образование е остварлива цел и дека нашата задача не е да го направиме невозможното, туку да го направиме можното остварливо. Ова не е ракетна наука, целосно е во рамките на нашите средства да се создава иднина за нашите деца.

„Реформите во образованието ќе се видат многу подолго од просечното владеење на еден политичар и неговата жабја перспектива“.

Денес во светот постојат многу примери за тоа што ги прави образовните системи успешни и кои се патиштата за создавање на високо квалитетни образовни институции. На овие прашања многу држави веќе одамна имаат добар одговор. Најдобрата вест е дека денес се има квалитетно знаење како да се подобри квалитетот во образованието. Најлошата е што политичарите можат да загубат на избори за прашања поврзани со образованието, но не можат да ги добијат изборите за образованието, бидејќи резултатите ќе се видат многу подолго од нивното просечно владеење и нивниот поглед од жабјата перспектива.

Целата суштина за реформите во образованието лежи тука. Политиката знае дека избори не се добиваат од образование. Затоа, во искуствата на многу земји, луѓето кои ги воделе реформите, професионалците,  учителите, заклучиле дека политиката е всушност кочница на подигањето на подобар образовен систем.

new eucationОбразовните институции се по природа конзервативни општествени системи. Промената на образовната бирократија  изгледа како движење на гробиштата, таа е толку бавна, понекогаш имате чувство дека на гробиштата се случуваат повеќе движења и има повеќе промени отколку во образовниот систем. Едноставно тешко е да видите промена таму, бидејќи статусот кво има  многу заштитници.

Причината поради која е толку тешко да почнат суштинските реформи во образовниот систем е во тоа што има еден голем невидлив дел под водната површина. Овој невидлив дел се интересите, верувањата, мотивите, предрасудите, стереотипите, стравовите на луѓето кои се вклучени во образованието, вклучувајќи ги и родителите и наставниците. Тука се случуваат неочекувани судири, бидејќи овој дел од реформата во образованието има тенденција да го избегне радарот на јавната политика и мерењето на квалитетот. Затоа, образовните лидери ретко се успешни со реформите, освен ако не градат заедничко разбирање и колективна свест за промени, и доколку не се изгради капацитет и да се создаде вистинска политичка клима, со мерки за отчетност дизајнирани да поттикнуваат иновации и почитување.

Една недела е долго време за политичар на кое било место на светот, но осмислена и успешна реформа на образованието често трае со години, и тоа е пример на секаде каде тие дале резултат.

Образованието ја освои трката со технологијата низ историјата, но не постои гаранција дека ќе го стори тоа и во иднина. Учениците кои растат со одличен паметен телефон, но во слабо образование ќе се соочат со невидени ризици.

Денес, светот повеќе не ве наградува за она што го знаете – Google знае сè – туку за она што можете да го направите преку она што го знаете.

Во помалите класови се постигнуваат подобри резултати“. Тоа не е вистина. Честопати се работи за мали класови кои ја создале т.н. тејлористичка култура, каде што наставниците посветуваат најмногу време на настава и немаат време да ги поддржуваат индивидуалните потреби на учениците, да соработуваат со други наставници и заедницата околу нив или да работат со родители – активности кои се белези на високо-квалитетните образовни системи.

Нашата задача не е да се направи невозможното можно, туку да се направи можното остварливо.

Многу наставници и училишта се подготвени за промена. За да се поттикне нивниот раст и развој на системот, политиката треба да се префрли кон инспирација и овозможување иновации, идентификување и споделување на најдобрите практики. Ваквата промена треба да биде изградена на доверба: доверба во образованието, во образовните институции, во училиштата и наставниците, кај учениците и во заедниците. Довербата е суштински дел од доброто управување во сите јавни услуги и клучна детерминанта за тоа каде големите луѓе сакаат да работат.

Но, довербата не може да се регулира и гради  со калкулирање за изборите, затоа е толку тешко да се променат традиционални административни структури. Довербата е секогаш намерна. Довербата може да се негува и инспирира само преку здрави односи и конструктивна транспарентност. Тоа е лекцијата што сите можеме да ја научиме од Финска, каде анкетите на јавното мислење постојано покажуваат високо ниво на доверба на јавноста во образованието. Во време кога системите за командување и контрола слабеат, градење на доверба е најстариот ветувачки начин за унапредување и зајакнување на модерните образовни системи.

Во пресрет на сите овие предизвици, ние не треба да бидеме пасивни. Додека технологијата и глобализацијата имаат расипани импликации за нашата економска и социјална структура, овие импликации не се предодредени. Нивните резултати ќе бидат утврдени од нашиот колективен одговор на овие нарушувања – интеракцијата помеѓу технолошката граница и културните, социјалните, институционалните и економските добри и позитивни примери кои ќе ги мобилизираме како одговор.