„Конформизмот е вистинскиот пад на човекот. Подлегнувајќи на силата, човекот ја губи својата сила. Тој ја губи својата моќ да ги користи своите способности кои го прават вистински – човек.

Нашиот морален проблем е човековата рамнодушност кон самиот себе. Се доживуваме и третираме себе си како роба. Ние станавме предмети и нашите ближни станаа предмети. Се чувствуваме немоќни и се презираме себе си заради нашата немоќ. Бидејќи не веруваме во нашата сила, ние не веруваме во човекот и силата која ја имаме. Неговиот разум продолжува да работи: тој може да биде интелигентен, но тој прифаќа за вистина само она што тие што имаат моќ велат дека е вистина.
Тој ја губи својата сила за љубов, бидејќи неговите емоции се врзани со оние од кои зависи. Тој го губи своето морално чувство, бидејќи силата го обезвреднува неговиот морален суд во однос на било што и било кој. Тој е плен на предрасуди и празноверие, бидејќи е неспособен да ја испита вредноста на премисите на кои тие погрешни верувања почиваат. Неговиот сопствен глас не може да го повика да се врати назад, бидејќи не е способен да го слуша, бидејќи многу внимателно ги слуша оние гласови околу себе кои имаат моќ над него.
Тоа лежи во фактот што го загубивме чувството за значење и единственост на поединецот, дека станавме инструмент за цели кои се надвор од нас самите.
Нашиот дух, не смее да има притисок од силата. Вистината која сме ја спознале, идеите во кои веруваме, силата не може да ги намали или обезвредни. Затоа човекот е слободен дури и кога е роден во синџири, како што и господарот може да не е слободен. Денес човекот живее во заблуда дека знае што сака, но всушност тој го сака она што од него се очекува да го сака. Но, како и да е, сепак – силата може да се одглуми ама мудроста НЕ! Затоа, силата никогаш не може да ја победи вистината“. (Ерих Фром)