Извештај на интернационалната комисија на УНЕСКО за иднината на образованието
Нашиот свет е на пресвртница. Веќе знаеме дека знаењето и учењето се основа за обновување и трансформација. Но, глобалните разлики – создаваат итна потреба да се преобмисли зошто, како, што, каде и кога учиме – значи дека образованието сè уште не го исполнува своето ветување дека ќе ни помогне да обликуваме мирна, праведна и одржлива иднина.
Во нашата потрага по раст и развој, ние луѓето ја „совладавме“ нашата природна животна средина, загрозувајќи го нашето сопствено постоење. Денес, високиот животен стандард коегзистира со јазот на нееднаквости. Сè повеќе луѓе се ангажирани во јавниот живот, но структурата на граѓанското општество и демократијата пропаѓа на многу места низ светот. Брзите технолошки промени трансформираат многу аспекти од нашите животи. Сепак, овие иновации не се соодветно насочени на правичност, инклузија и демократско учество.
Секој од нас, денес има тешка обврска и кон сегашните и идните генерации – да осигураат дека нашиот свет е свет на изобилство, а не на недостиг, и на кој сите ги уживаат истите човекови права најцелосно. И покрај итноста за потреба од акција, и во услови на голема неизвесност, имаме причина да бидеме полни со надеж. Како вид, ние во моментот од нашата колективна историја имаме најголем пристап досега до знаење и до алатки кои ни овозможуваат да соработуваме. Потенцијалот за ангажирањето на човештвото во создавање подобра иднина заедно никогаш не било поголемо.
За што се прашува овој глобален извештај на Меѓународната комисија за иднината на образованието – образованието може да игра улога во обликувањето на нашиот заеднички свет и заедничка иднина додека гледаме кон 2050-та година и подалеку. Презентираните предлози произлегуваат од двегодишниот глобален ангажман и процес на конструктивност што покажа дека огромен број луѓе – деца, млади и возрасни – свесни сме дека сме поврзани на оваа заедничка планета и дека е императив да работиме заедно.

Многу луѓе веќе се ангажирани сами да ги донесат овие промени. Овој извештај е исполнет со нивните придонеси за сè, од тоа како да се преобмислат просторите за учење до деколонизација на наставните програми и важноста на социјалното и емоционалното учење, за реалните и растечки стравови за климатските промени, кризите како КОВИД-19, лажните вести и дигиталните поделби.
Образованието – начинот на кој ги организираме наставата и учењето во текот на животот – одамна игра основна улога во трансформацијата на човечките општества. Образованието нè поврзува со светот и еден кон друг, нè изложува на нови можности и ги зајакнува нашите капацитети за дијалог и акција. Но, за да се обликуваат мирни, праведни и одржливи иднини, самото образование мора да биде трансформирано.
НОВ СОЦИЈАЛЕН ДОГОВОР ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО
Образованието може да се гледа во смисла на социјален договор – имплицитен договор меѓу членовите на општеството да соработуваат за заедничка корист. Општествениот договор е повеќе од трансакција која што се одразува на норми, заложби и принципи кои се формално законски, како и културно вградени. Почетната точка е заедничка визија за јавните цели на образованието. Овој договор се состои од основните и организациските принципи кои ги структурираат образовните системи, како и дистрибуираната работа направена за нивно градење, одржување и усовршување.
Во текот на дваесеттиот век, јавното образование во суштина беше насочено кон поддршка на националното граѓанство и развојните напори преку форма на задолжително школување за децата и младите. Меѓутоа, денес, кога се соочуваме со сериозни ризици за иднината на човештвото и животот на самата планета, мора итно да го концептуализираме образованието за да ни помогне да се справиме со заедничките предизвици. Овој чин на преобмислување значи да се работи заедно за да се создадат иднини кои се споделени и меѓусебно зависни.
Новиот социјален договор за образование мора да не обедини околу колективното настојување и обезбедување знаење и иновации потребни за обликување на одржлива и мирна иднина за сите закотвени во социјалната, економската и еколошката правда. Извештајот ја поддржува улогата што ја имаат наставниците. Има три суштински прашања што треба да ги поставиме за образованието додека гледаме кон 2050 година: Што треба да продолжиме да правиме? Што треба да престанеме да правиме? Што треба одново и креативно да измислиме?
ПОМЕЃУ МИНАТИТЕ ВЕТУВАЊА И НЕИЗВЕСНАТА ИДНИНА
Проширувањето на социјалната и економската нееднаквост, климатските промени, загубата на биолошката разновидност, користењето на ресурсите ги надминуваат планетарните граници, демократското назадување и нарушувачката технолошка автоматизација се белегот на нашиот сегашен историски момент. Овие повеќекратни кризи кои се преклопуваат и предизвиците ги ограничуваат нашите индивидуални и колективни човекови права и резултираат со оштетување на голем дел од животот на Земјата.

Додека проширувањето на образовните системи создаде можности за многу генерации, сепак огромен број останаа со неквалитетно учење. Гледајќи кон иднината, премногу е лесно да се наслика уште потемна слика. Можно е да се замисли исцрпена планета со помалку простори за живеење на луѓето. Екстремни идни сценарија исто така вклучуваат свет каде што квалитетното образование е привилегија на елитите и каде што огромни групи луѓе живеат во беда затоа што немаат пристап до основните добра и услуги. Тековните образовни нееднаквостите само се влошуваат со текот на времето додека наставните програми не станат ирелевантни? Како овие промени ќе влијаат врз нашата човечност?
Ниту еден тренд не е судбина. Можни се повеќе алтернативни иднини, а може и нарушувачките трансформации да се препознаат во неколку клучни области:
- Планетата е во опасност, но декарбонизацијата и позеленувањето на економиите се во тек. Еве, децата и младите веќе го предводат патот, повикувајќи на значајна акција и испорачувајќи суров укор до оние кои одбиваат да се соочат со итноста на ситуацијата.
- Во изминатата деценија светот забележа назадување во демократското владеење а и пораст на популистичкото чувство водено од идентитетот. Во исто време, имаше процут на сè поактивно учество на граѓаните и активизам што ја предизвикува дискриминацијата и неправдата ширум светот.
- Има огромен трансформативен потенцијал во дигиталните технологии, но ние сè уште не сме сфатиле како да ги исполниме овие нови ветувања.
- Предизвикот за создавање пристојна работа насочена кон човекот ќе стане многу потешко откако вештачката интелигенција (АИ), автоматизацијата и структурните трансформации го трансформираат вработувањето ширум светот. Секое од овие пореметувања има значителни импликации за образованието. За возврат, она што ние ќе правиме заедно во образованието ќе се одрази на тоа како ќе го формираме и како ќе реагираме во општеството.
Во моментов, начините на кои го организираме образованието низ светот не правиме доволно за да се обезбеди праведност и мирни општества, здрава планета и заеднички напредок од кој сите имаат корист.Всушност, некои од нашите тешкотии произлегуваат од начинот на кој се образуваме.Треба да се направи нов социјален договор за образование што ќе ни овозможи да размислуваме поинаку за учењето и за односите меѓу учениците, наставниците, знаењето и светот.
ПРЕДЛОЗИ ЗА ОБНОВА НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Слабата едукација создава пристрасност, предрасуди и поделеност. Педагогијата треба да се организира околу принципите на соработка, кооперативност и солидарност. Треба да ги поттикне интелектуалните, социјалните и моралните капацитети на учениците за работа заедно и да го трансформираат светот со емпатија и сочувство. Оценувањето треба да ги одразува овие педагошки цели на начини кои промовираат значаен раст и учење за сите ученици.
Наставните програми треба да го нагласат еколошкото, интеркултурното и интердисциплинарно учење, тоа ќе ги поддржува учениците да пристапат и да продуцираат знаење додека ги развиваат своите капацитети за критичка мисла. Наставните програми мора да опфаќаат еколошко разбирање на човештвото што го ребалансира начинот на кој се однесуваме кон Земјата како жива планета и наш единствен дом. Ширењето на дезинформациите треба да се спротивстави преку научни, дигитални и хуманистички концепти на писменост кои развиваат способност да разликуваат лага од вистина. Во едукативните содржини, методи и политика треба да промовираме активно граѓанство и демократско учество.
Наставата и поучувањето треба дополнително да се професионализираат како заеднички потфат каде наставниците се препознаени за нивната работа како создавачи и креатори на знаење и се клучни фигури во образовната и социјална трансформација. Соработката и тимската работа треба да ја карактеризираат работата на наставниците. Рефлексија, истражување и создавање знаења и нови педагошки практики треба да стануваат составен дел на наставата. Тоа значи дека нивната автономија и слобода мора да се поддржат и дека тие мора целосно да учествуваат во јавната дебата и дијалогот за иднината на образованието.
Училиштата треба да бидат заштитени образовни локации поради вклученоста, правичноста и индивидуалната и колективната благосостојба која тие ја поддржуваат – и исто така треба да се промовираат како заедници кои го трансформираат светот кон поправеден, правичен и одржлив во иднината. Училиштата треба да бидат места кои зближуваат различни групи луѓе и ги изложуваат на предизвици и можности кои не се достапни на друго место. Образовните архитектури, простори, времиња, распоредот и ученичките групи треба да се редизајнираат за да се охрабрат и овозможат поединците да работат заедно. Дигиталните технологии треба да имаат за цел да ги поддржат – а не да ги заменат – училиштата. Училиштата треба да ја моделираат иднината кон која се стремиме со тоа што ќе ги обезбедиме човековите права и ќе станат примери за нивна одржливост.

Треба да уживаме и да ги прошириме образовните можности што се одвиваат низ целиот живот и во различни културни и општествени простори. Во секое време од животот луѓето треба да имаат значајни, квалитетни образовни можности. Треба да ги поврземе природните, изградените и виртуелни места за учење, внимателно искористувајќи ги најдобрите потенцијали на секој од нив. Клучните одговорности паѓаат на владите чии капацитети за јавно финансирање и регулирање на образованието треба да бидат зајакнати. Правото на образование треба да се прошири за да биде доживотно и да го опфати правото на информации, култура, наука и поврзаност.
КАТАЛИЗИРАЊЕ НА НОВ СОЦИЈАЛЕН ДОГОВОР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
Можни се големи промени и иновации. Ќе изградиме нов социјален договор за образование преку милиони индивидуални и колективни акти – акти на храброст, лидерство, отпор, креативност и грижа. Новиот општествен договор треба да ја надмине дискриминацијата, маргинализацијата и исклучувањето. Мора да се посветиме на обезбедување родова еднаквост и правата на сите без разлика на раса, етничка припадност, религија, попреченост, сексуална ориентација, возраст или статус на државјанство.
Огромна потреба и посветеност на социјалниот дијалог, за заедничко размислување и дејствување. Повик за истражување и иновации. Новиот социјален договор бара светска соработка и истражувачка програма која се фокусира на правото на образование во текот на животот. Оваа програма мора да се фокусира на правото на образование и да вклучува различни видови докази и начини на знаење, вклучувајќи хоризонтално учење и размена на знаење преку границите.
Придонесите треба да бидат добредојдени од сите – од наставници до ученици, од академици и истражувачки центри до владите и граѓанските организации. Повик за глобална солидарност и меѓународна соработка. Новиот социјален договор за образование бара обновена посветеност на глобалната соработка за поддршка на образованието како заедничко добро, заснована на поправедна и правична соработка меѓу државните и невладините актери.
Меѓународната заедница има клучна улога во помагањето на државите и невладините актери да се усогласат околу заедничките цели, норми и стандарди потребни за реализација на нов социјален договор за образование. Притоа треба да се почитува принципот на супсидијарност и локални контексти, националните и регионални напори треба да се охрабруваат. Образовните потреби на барателите на азил, бегалците, лицата без државјанство и мигрантите, особено, треба да бидат поддржани преку меѓународна соработка и работата на глобалните институции.
Универзитетите и другите високообразовни институции мора да бидат активни во секој аспект во градењето на нов социјален договор за образование. Од поддршка на истражувањето и напредокот на науката да бидат партнери кои придонесуваат за други образовни институции и програми во нивните заедници и низ целиот свет. Универзитети кои се креативни, иновативни и посветени за зајакнување на образованието како општо добро имаат клучна улога во иднината на образованието.
Од суштинско значење е секој да може да учествува во градењето на иднината на образованието – деца, млади, родители, наставници, истражувачи, активисти, работодавци, културни и религиозни лидери. Имаме длабоки, богати и разновидни културни традиции на кои треба да се изградиме.
И сега се соочуваме со сериозен избор: да продолжиме понатаму на овој неодржлив пат или радикално да го промениме курсот. Овој Извештај предлага одговори на трите суштински прашања:
Што треба да продолжиме да правиме? Што треба да престанеме да правиме и да се откажеме? И што треба креативно да се преобмисли?
Но, предлозите овде се само почеток. Овој Извештај е повеќе покана за размислување и замислување отколку нацрт. Овие прашања треба да се преземат и да се одговорат во заедниците, во земјите, во училиштата, во образовните програми и системи од секаков вид – низ целиот свет. Ковањето нов социјален договор за образование е критичен чекор кон преобмислување на нашата иднина заедно.
Иднината на образованието – UNESCO
This publication is available in Open Access under the Attribution-ShareAlike 3.0 IGO (CC-BY-SA 3.0 IGO) license (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/igo/). By using the content of this publication, the users accept to be bound by the terms of use of the UNESCO Open Access Repository (http://www.unesco.org/open-access/terms-use-ccbysa-en).